Македонија
Асистенти во средни училишта во Скопје ќе работат со учениците со посебни потреби
Во рамки на проектот „Социо-образовни придобивки преку поддршка на ранливите категории граѓани на територија на Град Скопје“, ќе бидат ангажирани 10 образовни асистенти во 9 средни училишта во Скопје кои ќе работат со ученици со посебни образовни потреби или ученици со интелектуална попреченост. Ангажирани ќе бидат и 5 персонални асистенти за лицата со телесна попреченост и 5 негуватели на стари лица, што е новина и претставува надополнување и унапредување на квалитетот на услугите кна локално ниво, соопшти градот.
Лицата кои ќе бидат работно ангажирани ќе припаѓаат на некоја од ранливите категории на население, вклучувајќи ги и корисниците на социјална помош. За таа цел Градот Скопје во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување, распиша јавен оглас за вклучување на овие лица во Програмата.
„Преку стручното оспособување и практичното искуство со кои ќе се стекнат лицата кои работно ќе се ангажираат ќе овозможиме тие полесно да се вклучат на пазарот на трудот, а истовремено ќе придонесеме во олеснување на секојдневните пречки со кои се соочуваат лицата со посебни образовни потреби и интелектуална попреченост во средните училишта, лицата со телесна попреченост како и старите лица на кои им е потребна нега. Град Скопје има цел да овозможи еднакви услови за живот за сите граѓани. Социјалната инклузија е неопходна за да градиме општество без дискриминација, со еднакви права и можности. Затоа поддржуваме и реализираме активности преку кои придонесуваме за социјалниот аспект во живеењето во нашиот град“, кажа Ваљон Салиху, портпарол на Град Скопје.
Дополнително, покрај финансискиот надоместок што ангажираните лица ќе го добиваат согласно со Програмата, Градот Скопје ќе обезбеди и бесплатно користење на јавниот градски превоз или користење велосипеди согласно со интересот изразен поединечно од секое ангажирано лице.
„Имајќи го предвид значењето на овој тип социјални услуги, имаме намера по завршување на проектот, активностите да ги инкорпорираме во рамки на програмите на Градот Скопје со цел континуирано да придонесуваме во унапредување на услугите од социјалната сфера, да ја поддржуваме и поттикнуваме социјалната инклузија“, изјави Радица Тодоровска, општински координатор на проектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена
ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.
„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.
Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.
Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.
Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.
Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.
„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.
СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.
Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.
Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.
Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

