Свет
Пожарот во Калифорнија досега проголта 117 639 хектари земјиште
Пожарот што со денови беснее во Калифорнија и натаму претставува голема опасност, а според официјалните претставници, тој би можел да беснее и уништува сè пред себе до крајот на месецот. Ова е најголемиот пожар што досега е регистриран во оваа област, тој досега проголта речиси 117 639 хектари земјиште, што претставува речиси колку големината на Лос Анџелес.
Калифорниската служба за шумарство и заштита од пожари соопшти дека до сега поради отежнатите услови, пожарникарите успеале да стават под контрола само третина од огнената стихија.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека ја следи ситуацијата со шумските пожари што масовно се шират низ Калифорнија.
Говорејќи пред група бизнисмени на вечера во Бедминстер, Трамп посочил дека е во постојан контакт со локалните власти и оти ја следи ситуацијата.

Националниот центар за пожари претходно побарал помош и од армијата, а Стејт департментот експресно брзо ја одобри. Со ваквата одлука на Стејт департементот, во борбата против огнената стихија што со денови беснее во Калифорнија ќе помагаат дополнителни 200 американски војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

