Забава
На брегот на Јапонија пронајдено најголемото животно во светот
Синиот кит е речиси изумрен вид. Имаше една година и беше долг 10 метри.
Телото на синиот кит беше пронајдено на брегот на Јапонија, што е првпат овој редок вид да се види во оваа земја, велат експертите.
Телото на животното беше откриено на плажа во градот Камакура, кој се наоѓа на околу 70 километри јужно од Токио.
Синиот кит е најголемото животно во светот, може да достигне големина до 30 метри, како и тежина од околу 170 тони.
Причината за смртта на најдениот син кит не е позната.
Неговите остатоци ќе ги проучуваат експерти, поради што се поставени шатори на плажата на Камакура.
Станува збор за 10 метри долг мажјак кој е роден оваа година, изјави за јапонските медиуми експерт од Националниот музеј за наука и природа.
Поради долгогодишниот комерцијален лов, сините китови се речиси изумрени видови денес.
Од Светскиот фонд за природа (WWF) велат дека поради климатските промени и удирањето на бродовите синиот кит продолжува да биде загрозен вид.
Во текот на летните месеци овој цицач најчесто може да се види во близина на Антарктикот.
Јапонија сè уште има флота за лов на китови, но инсистира на тоа дека нивниот лов е само за научни цели.
Во мај, јапонските ловци фатиле и убиле 122 женки китови кои носат младенчиња. Како што велат, тоа било дел од теренските истражувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

