Свет
Ердоган: Доколку САД не ја почитуваат Турција, лесно ќе најдеме нови сојузници
Соработката меѓу Турција и САД е во опасност, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, предупредувајќи ја Белата куќа дека неговата земја ќе се насочи кон нови сојузници доколку САД продолжат да покажуваат непочитување.
Односите меѓу двете земји, сојузници во НАТО, изминативе недели го достигнаа најниското ниво во последните неколку децении. Главната причина е тоа што Турција го затвори американскиот пастор Ендрју Брунсон, што беше вовед во низа санкции.
Во однос на заострување на мерките, претседателот, Доналд Трамп, во петокот се одлучи за двојно зголемување на царинските давачки за турскиот челик и алуминиум, поради што се забрза падот на турската валута, која вчера загуби 16 отсто од вредноста во споредба со доларот.
Во Њујорк тајмс, Ердоган го предупреди Вашингтон за евентуалните последици од мерките, кои би можеле да ја принудат Анкара да се сврти кон нови пријатели и сојузници.
„Доколку САД не покажат почит кон суверенитетот на Турција и не покажат разбирање за опасностите со кои се соочува нашата нација, нашето партнерство може да биде загрозено“, предупреди турскиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кејт Мидлтон миленичка на британската јавност: по популарноста го надмина и принцот Вилијам
Последната анкета на јавното мислење во Велика Британија, објавена денеска, покажа дека принцезата од Велс, Кејт Мидлтон го надмина принцот Вилијам по популарност.
Во истражувањето спроведено од агенцијата за истражување на јавното мислење „Savante for the Independent“, Кејт (42), која моментално се лекува од неодреден облик на рак, ја поддржуваат 62 отсто од испитаниците, додека принцот од Велс (41) е фаворизиран од 61 отсто од британските испитаници.
Принцот Ендру (64), по дружењето со осудениот педофил Џефри Епштајн, е избран за најмалку омилен член на кралското семејство – го поддржуваат само 14 отсто од испитаниците.
Принцот Хари и Меган Маркл, исто така се соочуваат со недостаток на популарност. Хари (39) го поддржуваат само 29 отсто од испитаниците, додека неговата сопруга Меган (42) е уште помалку популарна со само 25 отсто поддршка од испитаниците, пренесува Танјуг.
Свет
ОН: Израелскиот копнен напад врз Рафах може да доведе до масакр
Израелскиот копнеен напад врз Рафах ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните напори низ палестинската енклава, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
Израел се заканува дека ќе изврши копнен напад врз Хамас во Рафах, каде што се засолниле речиси милион луѓе.
„Тоа би можело да биде масакр на цивили и неверојатен удар за хуманитарните операции во целиот појас, бидејќи тие се управуваат претежно од Рафах“, рече портпаролот на OCHA, Јенс Лаерке на брифингот во Женева.
Хуманитарните активности од Рафах вклучуваат медицински клиники и пунктови за дистрибуција на храна и центри за неухранети деца, рече тој.
Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) на истиот брифинг изјави дека е подготвен план за копнен напад, кој вклучува нова полска болница, но предупреди дека тоа нема да биде доволно за да се спречат големиот број на жртви.
„Тоа апсолутно нема да спречи значителни дополнителни смртни случаи“, рече Рик Пиперкорн, претставник на СЗО за палестинските територии.
Тој додаде дека е „многу загрижен“ што нападот ќе го затвори граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет, кој се користи за увоз на лекови и медицинска опрема.
Свет
(Видео) Камион без возач прегази најмалку 29 ученици на фестивал во Киргистан
Камион без возач прегази 29 ученици на фестивал во Киргистан.
Камионот што го користел продавач на сладолед ненадејно тргнал по удолницата и прегазил голем број ученици, од кои многумина биле свртени со грб.
Многумина успеале да побегнат, но 29 лица биле прегазени.
Осумнаесет деца на возраст од девет до 16 години се хоспитализирани, додека кај седум има опасност по живот.
Инцидентот го снимила камерата на дронот која го снимила моментот кога децата го држат големото знаме на Киргистан.
На видеото се гледа како камионот ненадејно се движи по удолницата и минува низ групи деца.
Полицијата покренала истрага, а според една од пријавите, возачот заборавил да ја повлече рачната сопирачка.