Контакт

Соопштенија

СДСМ: Од заробена држава во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија сега е пријател со сите

Објавено пред

Борбата со корупцијата вистински ја води Владата предводена од СДСМ, угледот на Македонија никогаш не бил повисок, од заробена држава во времето на ВМРО-ДПМНЕ

dobivaj vesti na viber

Токму криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ допринесе корупцијата да се распространи до невидени размери. Враќањето на правото и правната држава, неселективната борба против криминалот и коруцијата се императив за СДСМ и ги покажуваат првите резултати, се вели во еракцијата на СДСМ на изјавата на портпаролот на ВМРО/ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според партијата, цели 11 години криминалот на ВМРО-ДПМНЕ беше целосно под заштита на институциите. ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше дури и Комисијата за спречување на корупцијата за да го штити нивниот криминал.

,,Токму криминалот на фамилијата во тие 10 години ја смести земјата во групата на земји коишто имаат сериозен проблем со корупцијата како Сао Томе и Принципе, во извештаите на Транспаренси.Провизии само за еден пат, фирми на Белизе и рајски шеми за исмпумпување на парите на граѓаните за богатење на фамилијата беше синоним за криминалот цели 11 години. Бројните судски процеси кои се водат против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе покажат колку граѓаните се оштетени од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ”, се вели во соопштението.

Според СДСМ, Македонија сега се движи во правец на одговорно, отчетно и транспарентно владеење со почитување на прописите и законите. Владата предводена од СДСМ за само една година станува најтранспарентната Влада во регионот.Што се однесува до меѓународниот углед, неспоредливо е. Од заробена и изолирана држава, скарана со светот во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, сега Македонија е пријател со сите и пример за демократски промени во интерес на сите нејзини граѓани, се додава во реакцијата.

Соопштенија

Бомбастична есен = Бомбастични можности со Минт Кредит

Објавено пред

Време е за нови планови и свежи почетоци – затоа што оваа есен носи бомбастични можности! Есенската сезона во Минт Кредит започнува со неверојатна понуда, -30% попуст на трошоци до 300.000 мкд и инстант одобрување за само 10 минути, твоите идеи и желби стануваат реалност веднаш.

dobivaj vesti na viber

· Без чекање.

· Без компликации.

· Само голема насмевка и мали трошоци. Акцијата важи во периодот од 22.09.2025 до 30.09.2025 за Минт Кредит од 300.000 мкд. Секој клиент кој ќе аплицира во наведениот рок ќе има можност да добие значителна заштеда, а истовремено и финансиска поддршка до 300.000 мкд. За повеќе информации контактирајте не на 15 107 или преку веб-страната Mint Credit.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

50 македонски комунални возила на БРАКО на улиците на Ријад

Објавено пред

Над 50 возила за чистење Грин Машинс произведени во фабриката БРАКО од Велес се продадени во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Со тоа, македонскиот инженерски производ се најде во служба на еден од најголемите урбани проекти на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

 

Од производствените хали на БРАКО во Велес, директно на улиците на Ријад – над 50 специјализирани возила GM636 се веќе испорачани и активно се користат за одржување на хигиената во главниот град на Саудиска Арабија.

Се работи за голема и комплексна испорака, во рамки на една од најобемните јавни програми за чистење во тој регион, каде што повеќе изведувачи беа ангажирани за чистење на различни делови од градот. 50 возила од брендот Грин Машинс на БРАКО се вклучени во тој проект. За потребите на проектот во Ријад, тимот на БРАКО дополнително го зајакна моделот, прилагодувајќи го за работа во специфични климатски услови и за ефикасно справување со песочни наноси на улиците и јавните површини.

Испораките за Саудиска Арабија не завршуваат тука – фабриката во Велес очекува нови нарачки за возила за чистење за во други саудиски урбани центри.

БРАКО произведува 8 модели на возила Грин Машинс: на водороден, електричен и класичен погон. Преку свои фирми ќерки во Соединетите американски држави, Обединетото Кралство, Холандија и Германија и преку надворешна продажна мрежа, македонската врвна технологија за урбано чистење ја има на пазарите во над 50 земји.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

БРАКО донира ЕКГ во болницата во Велес

Објавено пред

БРАКО донираше апарат за ЕКГ на Интерното одделение во болницата во Велес, на барање на болницата која се обрати до БРАКО за помош за итна неопходна замена на расипано EKГ, како елементарно неопходно за нормално функционирање на болницата и пружање услуги на пациентите.

dobivaj vesti na viber

Велешката фабрика веднаш излезе во пресрет и ја набави потребната апаратура, 12-канално EKГ според спецификацијата доставена од здравствената институција.

При испораката на ЕКГ-то, во име на БРАКО болницата ја посетија Благој Шалев и Ангел Анѓушев, кои заедно со директорот на болницата Александар Бузалков кусо присуствуваа на обуката на персоналот за користење на новата опрема, како и на ставањето во употреба на толку потребниот апарат за пациентите во Велес.

БРАКО редовно го поддржува градот Велес со повеќе донации и спонзорства согласно потребите на граѓаните, како и други институции надвор од Велес. Што се однесува до здравството, БРАКО опреми со медицински мебел од сопствено производство еден кат на Абдоменална хирургија во Клиниката за Хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје, додека на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје донираше медицински мебел за Ургентниот центар, а во моментов се изработува медицински мебел за Клиниката за Тораковаскуларна хирургија за донација преку ФЕРОИНВЕСТ.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Франција ја призна Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва на Генералното собрание на ОН потврди дека Франција ја признава Палестина како независна држава. Со...

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанок...

Топ9 часа

Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор

Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што...

Македонија10 часа

ДИК со податоци: Пет отфрлени листи за градоначалници

Според податоците добиени од Државната изборна комисија, за претстојните локални избори се потврдени вкупно 861 кандидатска листа – 303 за...

Македонија14 часа

Од ноќеска на полноќ поскапува дизелот

Од полноќ, горивата добиваат нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад...

Свет14 часа

Путин: Русија е подготвена воено да возврати на Западот

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија е подготвена да одговори на сите закани, додавајќи дека Москва сè уште поддржува...

Македонија14 часа

(Видео) Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар на скопскиот аеродром?

Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање...

Топ16 часа

Почина девојче во тетовската болница

Девојче на седумгодишна возраст починало вчера во болницата во Тетово. Од Обвинителството соопштија дека е издадена наредба за обдукција. „Јавен...

Македонија16 часа

Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за создавање хаос во Скопје. Иако...

Македонија19 часа

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

Денеска, до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои два се активни,...

Македонија20 часа

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско

Од 08 часот и 20 минути, утрово, сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот беше во прекин...

Македонија20 часа

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет22 часа

Португалија ја призна Палестина

Португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Рангел, изјави дека неговата земја ја признала државата Палестина. „Признавањето на државата Палестина е...

Европа22 часа

Русија: Украинците нападнаа одморалиште на Крим, има мртви и ранети

Украински дронови го погодија одморалиштето Форос на Крим, предизвикувајќи штета и жртви, според Сергеј Аксјонов, шефот на нелегалната окупациска влада....

Свет22 часа

(Видео) Заврши комеморацијата за Чарли Кирк; Трамп: Го уби радикализирано, ладнокрвно чудовиште

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател...

Свет23 часа

(Видео) Вдовицата на Кирк: Му простувам на човекот што го уби

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател...

Економија2 дена

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат...

Економија2 дена

(Видео) Андоновска: ВМРО- ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската...

Економија2 дена

(Видео) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта, рече денеска на прес-конференција, Трајан...

Македонија2 дена

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје – 1 и 2 октомври во Музејот на современата уметност

Министерот за дигитална трансформација, на прес конференција, ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе...