Свет
Силен земјотрес во Алјаска
Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер го погоди денеска југозападниот дел на американската држава Алјаска, соопшти Американскиот геолошки завод.
Епицентарот се наоѓал 64 километри југозападно од Кактовик, објави „Ројтерс“.
Засега нема информации за повредени или можни штети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонскиот аеродром Кансаи не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа
Јапонскиот меѓународен аеродром Кансаи (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот.
Седмиот најпрометен јапонски аеродром соопшти дека не изгубил ниту еден патнички багаж од отворањето во септември 1994 година, објави Си-Ен-Ен.
На тој аеродром годишно во просек минуваат од 20 до 30 милиони патници.
Свет
Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила
Норвешката полиција соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнал неколку лица во центарот на Осло.
Инцидентот се случил пред местото на метрото кога расправија излегла од контрола и неименуван маж на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.
Полицаецот потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.