Забава
Катарскиот шеик ја закотви својата мегајахта на Јадранот и уживаше во рижото

Шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани со својата 125 метри долга јахта „Катара“ се закотви на Корчула, од каде што со многубројното семејство се упатил на ручек во таверната „Ферал“ во Лумбарда.
– Не можев да поверувам дека еден човек како него може толку едноставно да се однесува – рече Џани Батистиќ, чие семејство е сопственик на таверната веќе триесет години.
– Шеикот нè изненади со доаѓањето, но и со однесувањето. Постојано се заблагодаруваше за услугата“ – ни рече Џани.
Хамад бин Калифа, според процените, има богатство од 15,6 милијарди куни.
Тој ги нарачал сите јадења од понудата, од октопод до рижото, кое најмногу му се допаднало – вели Џани. Во таверната, раскажува сопственикот, тој дошол со голема група луѓе, така што неговите телохранители биле незабележливи.
– Најчесто пиеше вода, а нарача и природен сок – вели Џани и признава дека му е жал што шеикот не пие алкохол бидејќи ќе му понудел вина од семејната винарница.
Шеикот, заклучува тој, му оставил пристоен бакшиш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Тимберлејк откри дека боледува од лајмска болест: „Животот со ова е немилосрдeн“

Џастин Тимберлејк ја сподели со јавноста веста за својата здравствена состојба, откривајќи дека му била дијагностицирана лајмска болест. По две години поминати на светска турнеја, тој одлучил отворено да зборува за проблемите со кои се соочува.
Иако е познат по тоа што ја чува својата приватност, Тимберлејк почувствувал потреба да им открие на обожавателите „малку за тоа што се случува“ со него.
Искрена објава на Инстаграм
„Како што многумина од вас знаат, јас сум прилично приватна личност. Но додека размислувам за турнејата, сакам да ви кажам малку за тоа што ми се случува“, напиша тој на Инстаграм.
„Меѓу другото, се борев со одредени здравствени проблеми и ми беше дијагностицирана лајмска болест – не го велам ова за да предизвикам сожалување, туку за да осветлам низ што поминував зад сцената. Ако некогаш сте се соочиле со оваа болест или познавате некој што има, тогаш знаете: животот со неа може да биде безмилосно исцрпувачки – и психички и физички.“
Тој додаде: „Кога првпат ја добив дијагнозата, бев навистина шокиран. Но барем добив објаснување зошто на сцена чувствував силна нервна болка или само огромен замор и слабост.“
Одлука за продолжување на турнејата
Пејачот се нашол пред тешка одлука – да ја прекине турнејата или да продолжи и покрај сè. „Одлучив дека радоста што ми ја носи настапот далеку ја надминува привремената болка и стрес што го чувствуваше моето тело. Многу ми е мило што продолжив“, изјави тој.
Тимберлејк рече дека долго време се двоумел дали да зборува јавно за своите здравствени проблеми, но сега „се обидува да биде потранспарентен за борбите, за тие да не бидат погрешно сфатени“.
„Го споделувам сето ова со надеж дека сите ќе најдеме начин да бидеме поврзани едни со други“, порача тој. „Сакам и јас да придонесам и да им помогнам на оние што исто така се борат со оваа болест.“
Што е лајмска болест?
Тимберлејк не е единствена славна личност што се бори со оваа болест – манекенката Бела Хадид исто така јавно говореше за своето искуство. Според клиниката Мајо, лајмската болест ја предизвикува бактеријата борелија, а луѓето најчесто се заразуваат преку каснување од заразен крлеж.
Болеста е најзастапена во североисточните, средноатлантските и горните делови на Средниот Запад во САД, но се пријавени и многу случаи во Европа и некои делови на Канада. Ризикот од зараза е најголем во тревни, грмушести и шумски предели, поради што се препорачува претпазливост при престој во природа.
Забава
Џејми Ли Кертис остро против пластичната хирургија: Тоа е геноцид над цела генерација жени

Жестоко критикувајќи ја холивудската опсесија со пластичната хирургија, актерката Џејми Ли Кертис изјави дека „генерации жени се унаказени“.
„Бев многу гласна за геноцидот над генерација жени од страна на козметичкaта индустрија, кои самите себе се унаказиле“, рече таа во ново интервју за Гардијан.
Познатата актерка, ѕвезда на филмот Freaky Friday, го осуди концептот дека „можете да го промените својот изглед со хемикалии, хируршки процедури и филери“, нарекувајќи го тоа „унаказување на генерации, претежно жени, кои го менуваат својот изглед“.
Кертис изјави и дека ваквите трендови се поддржани и поттикнати од вештачката интелигенција, бидејќи сега луѓето посакуваат лица со филтри. „Јас моментално немам филери. Штом ќе ставиш, и кога ќе ги видиш фотографиите ‘пред и потоа’, тешко е да не помислиш: ‘О, ова изгледа подобро’. Но, што значи подобро? Подобро е – лажно.“
За да ја истакне својата поента, Кертис (66) на едно фотографирање се појави со преголеми вештачки усни, кои сама ги купила на Amazon. „Вештачките усни се мој протест против пластичната хирургија“, изјави таа.
Таа ја бранеше употребата на зборот „геноцид“, објаснувајќи дека се повикува на неговата дефиниција како „намерно и систематско уништување“, и додаде: „Верувам дека избришавме една или две генерации луѓе со природен изглед“.
Запрашана за нејзината колешка од Freaky Friday, Линдзи Лохан, за која се шпекулираше дека направила естетски зафати, таа рече: „Си ги говорам моите грижи. Таа не го бара мојот совет. Таа е сосема функционална, паметна и креативна жена.“
Иако е критична, Кертис вели дека не ги осудува жените кои се одлучиле за естетски зафати: „Не проповедам. Никогаш не би ѝ рекла некому: ‘Што си направила?’“
„Сѐ што знам е дека тоа е бескраен циклус. Штом еднаш започнеш – не можеш да застанеш. Но, тоа не е моја работа.“
Кертис уште во 2022 година изјави во емисијата Today дека сака природно да старее: „Ставив ботокс. Дали ги отстранува брчките? Да. Но, потоа изгледаш како пластична фигура.“
Призна дека имала липосукција и операција на очи.
Забава
Четири хороскопски знаци кои секогаш мораат да го имаат последниот збор

Расправијата не мора секогаш да има победник, но некои луѓе едноставно не знаат да престанат додека не ја изговорат последната реченица. Без разлика дали станува збор за расправија на работа, во врска или околу сосема неважни теми, за некои е важно тие да бидат оние што ќе ја заклучат дискусијата. За нив, да го имаат последната збор не е само прашање на гордост, туку и на чувство на контрола. Дури и кога знаат дека се во право, нема да ја пропуштат шансата тоа дополнително да го нагласат. Според астрологијата, овие четири знаци најчесто се впуштаат во вакви ситуации.
Овен
Овните не поднесуваат кога некој друг има повеќе авторитет или моќ од нив, особено во расправии. Дури и кога се работи за ситница, тешко се откажуваат додека не го кажат својот конечен став. Нивната потреба за доминација често излегува на површина преку борбен тон и упорно бранење на сопственото мислење. За нив, последниот збор значи победа. Дури и кога ќе сфатат дека претерале, ретко тоа го признаваат.
Девица
Девиците имаат силна потреба за јасност, логика и заклучок што има смисла – според нивните стандарди. Не сакаат нешто да остане недоречено, па последниот збор им служи како точка. Нивната анализа често продолжува и по завршувањето на расправијата, па знаат повторно да се навраќаат на темата за да ја појаснат својата перспектива. Иако не делуваат агресивно, нивната упорност знае да биде исцрпувачка. Вообичаено сметаат дека нивните аргументи се најрационални и затоа најважни.
Шкорпија
Шкорпиите водат расправии како да се борат за моќ – бидејќи за нив тоа често и е така. Последниот збор симболизира надмоќ и ретко го препуштаат на другите. Нивната потреба за контрола особено доаѓа до израз кога се чувствуваат емоционално загрозено. Ќе молчат, ќе чекаат вистински момент и потоа ќе ја завршат расправијата со реченица што се памети. Додека за другите разговорот може да биде начин за поврзување, за Шкорпијата тоа често е терен за освојување.
Водолија
Водолиите обично делуваат опуштено и дистанцирано, но кога ќе почувствуваат дека некој не ги разбира или ја игнорира нивната логика, стануваат многу упорни. Нивниот последен збор често доаѓа како суптилна провокација или филозофска забелешка. Имаат силна потреба нивното мислење да се слушне и да се уважи, дури и ако расправијата трае подолго. Тешко се откажуваат од своите уверувања, а знаат упорно да ја бранат идејата дури и кога не им е лично важна. Последниот збор за нив често е ментална потврда дека сепак биле во право.