Македонија
Отворена фитнес-зона во Гостивар
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, и заменик-директорот на Агенцијата за млади и спорт, Газменд Ристеми, денеска ја промовираа фитнес-зоната во Гостивар.
„Ова е првпат во овие девет месеци Владата да инвестира во општина Гостивар. Му благодарам од сè срце на заменик-директорот на Агенцијата за млади и спорт, Газменд Ристеми, за неговата заложба овој проект да се реализира во Гостивар и ние како град да имаме ваква фитнес-зона. Се надевам дека соработката ќе продолжи и во иднина. Би сакал да ве информирам дека во рамките на спортско-рекреативниот центар, односно во близина на фитнес-зоната, ќе изградиме тениски игралишта и кошаркарски терен“, изјави градоначалникот Таравари.
Тој исто така најави дека опкружувањето ќе се раззелени и ќе се засадат дрвја и редовно ќе се одржува чистотата во овој дел.
„Теренот има димензии од 19,5 на 10 метри, каде што се поставени 8 реквизити за лица над 12-годшна возраст и еден реквизит за лица со хендикеп. Инвестицијата изнесува 35 илјади евра, а Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи и со други инвестиции во целата земја, особено во општина Гостивар“, изјави Ристеми.
Фитнес-зоната е лоцирана во близина на помошниот градски стадион, односно на локација предвидена за спортско-рекреативен центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

