Македонија
Заев на средба со претставници од дијаспората: Ве повикувам да дадете придонес во историскиот момент за напредок на државата
Премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на дијаспората од Македонија во Италија, Швајцарија, Луксембург, Германија, Словенија, Хрватска и во САД.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата била изразена поддршка на владините политики за членство на Македонија во НАТО и Европската Унија.
„На состанокот се разговараше за повеќе актуелни прашања, меѓу кои и за важноста на претстојниот референдум и за потребата од поактивна улога на сите граѓани, вклучително и на дијаспората со цел успешен референдум, што ги отвора перспективите на Македонија и можностите за квалитетен живот на сите граѓани“, се наведува во соопштението.
Премиерот Заев истакнал дека НАТО и ЕУ за Република Македонија значат економија, стабилност и безбедност и изразил очекување за успешен референдум.
„Мнозинството граѓани на Македонија веќе се изјаснија за промени, за перспективи наместо изолација, за благосостојба наместо сиромаштија, за реформи и демократија што водат кон квалитетен живот и безбедна иднина на државата и на сегашните и идните генерации. И убеден сум дека на референдумот ќе биде потврдена одлуката за евро-атлантска иднина на Македонија, што ќе донесе и европски живот во Македонија и стабилност и безбедност“, рекол премиерот Заев.
Притоа, тој ги повикал претставниците на дијаспората да излезат на престојниот референдум и со тоа, како што навел, да дадат значаен придонес во историските моменти за напредок на Македонија.
Заев и претставниците на дијаспората зборувале и за придобивките од реформските процеси во државата, од воспоставувањето добри односи со соседите и од евро-атлантските интеграции, а им изразил благодарност за желбата да помогнат вo остварувањето на стратешките цели на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

