Контакт

Свет

Меѓу жртвите во Италија има и француски државјани

Објавено пред

Меѓу жртвите од катастрофалната несреќа во Италија при уривањето на мостот во Џенова има и тројца француски државјани.

dobivaj vesti na viber

Бројот на загинати во уривањето на надвозникот во близина на италијанскиот град Џенова се искачи на 39, а спасувачките екипи продолжуваат со потрага по преживеани под урнатините.

Информацијата за тројцата државјани на Франција ја потврди и француското Министерство за надворешни работи и изрази сочувство до семејствата.

Денеска беа идентификувани и првите жртви од катастрофалната трагедија, станува збор за тричлено семејство – мајка, татко и нивниот седумгодишен син.

Надвозникот се урна вчера, при што десетина возила пропаднале во пукнатините. Државното италијанско радио јави дека меѓу повредените е и една жена чија куќа се запалила кога над неа паднал дел од конструкцијата на мостот.

Мостот се урна во услови на силно невреме проследено со грмежи, а очевидци велат дека се урнал по удар на гром. Повеќе од 400 лица биле евакуирани поради стравувањата дека другите делови од мостот би можеле да паднат.

Италија, Џенова

Причината за катастрофата не е позната, но се поставуваат прашања за безбедноста на мостот кој е изграден во 60-тите години од минатиот век, а реконструиран во 2016 година.

Властите и натаму стравуваат дека под урнатините би можело да има уште жртви.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте доцна синоќа го посети местото на несреќата посочувајќи дека станува збор за огромна трагедија.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Иранските државни медиуми објавија видео од рака како гали нуклеарна бомба

Објавено пред

Од

Иранските државни медиуми објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледа рака како гали нуклеарна бомба со натпис „можеби“, додека Израел продолжува со нападите, а американскиот претседател Доналд Трамп го предупредува иранското раководство.

dobivaj vesti na viber

Видеото беше објавено на социјалните мрежи од страна на Иранската арапска новинска агенција.

Израел со денови напаѓа ирански воени и нуклеарни објекти, уништувајќи го иранското воено и разузнавачко раководство и убивајќи неколку водечки нуклеарни научници. Израел тврди дека дејствува за да го спречи Иран да изгради нуклеарна бомба.

Иран одговори со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, но негира дека се обидува да изгради нуклеарно оружје и вели дека неговата нуклеарна програма е само за цивилна употреба.

Трамп го повика Иран да постигне нуклеарен договор и рече дека нема да му дозволи да развие нуклеарно оружје. Додека Израел го напаѓа Иран, Трамп го зајакна американското воено присуство на Блискиот Исток, давајќи си можност да им се придружи.

„Безусловно предавање!“ напиша Трамп на Truth Social, во порака до иранското раководство.

Прикажи повеќе...

Свет

Се огласи ајатолахот Али Хамнеи: Иран никогаш нема да се предаде

Објавено пред

Од

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, напиша дека Иран никогаш нема да им се предаде на ционистите во серија објави на социјалната мрежа X.

dobivaj vesti na viber

„Нема да имаме милост кон ционистите“, гласи преводот на една од објавите. Друг гласи: „Битката започнува“.

Ова се првите јавни изјави на Хамнеи откако американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД знаат каде е иранскиот лидер, но дека „тие нема да го убијат… барем засега“.

Порано оваа недела беше објавено дека Трамп ставил вето на израелскиот план за атентат врз Хамнеи.

Прикажи повеќе...

Свет

Амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена до петок

Објавено пред

Од

Амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда до петок поради безбедносната ситуација во регионот и во согласност со израелските упатства, објави американскиот Стејт департмент.

dobivaj vesti na viber

„Во светлината на безбедносната ситуација и во согласност со упатствата на израелската команда на внатрешниот фронт, амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда, 18 јуни, до петок, 20 јуни. Ова ги вклучува конзуларните оддели во Ерусалим и Тел Авив“, соопшти Стејт департментот.

Израел го започна конфликтот со изненадувачки напад минатата недела во кој беа убиени речиси сите врвни воени команданти на Иран, како и неговите водечки нуклеарни научници. Израелските напади во Иран оставија најмалку 224 мртви и повеќе од 1.000 ранети, според официјалниот број на жртви во Иран.

Според кабинетот на израелскиот премиер, во иранските ракетни напади врз Израел од петокот загинаа 24 лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад низ Скопје, одговорот е поради...

Македонија1 час

Евакуирани првите македонски државјани од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел,...

Македонија1 час

МОН го зголемува бројот на ученици во средните стручни училишта

МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година...

Македонија2 часа

Мицкоски: Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци,...

Македонија14 часа

Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал,...

Свет15 часа

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара...

Свет18 часа

Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по...

Македонија18 часа

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет19 часа

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет19 часа

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...

Македонија21 час

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...

Македонија21 час

(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен...

Македонија22 часа

Мицкоски очекува на 24 јуни Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“: Ете им прилика на дело да го покажат она што го зборуваат

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од...

Македонија22 часа

„Граѓаните да не креваат паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе“, апелираат од „Анима мунди“

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со...

Македонија22 часа

Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за „Усје“

„Добро утро, Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од ‘Усје’,...

Македонија23 часа

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините за да се намали загубата, која сега изнесува 64 отсто

За да се намали загубата на водата за пиење, која на национално ниво во просек изнесува речиси 64 отсто, неопходно...

Македонија23 часа

Седум години од потпишувањето на договорот од Преспа

На денешен ден, 17 јуни, 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот...

Свет24 часа

Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови. Висок воен командант најави дека нападите ќе...

Македонија1 ден

Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и во Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степена според Рихтер синоќа по полноќ го погоди Охридскиот Регион. Потресот е регистриран во 00.48...

Македонија2 дена

Злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам – Сиљановска-Давкова во Тирана за проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во...