Македонија
Детската игра и креативност повторно го обоија Капиштец

И оваа среда слоганот „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ поттикна голем број родители и деца да дојдат на заедничко дружење во маалото.
Настанот, кој беше замислен како еден вид работилница преку која децата ќе се запознаат со тајните и правилата на игрите, како плочка, ластик, џамлии и други, собра голем број дечиња во паркот „Капиштец“, велат од Општина Центар.
Овој пат децата имаа можност да научат нешто за игрите што во минатото беа заштитен знак на скопските маала. Играа плочка и криенка, вртеа хулахоп, скокаа на јаже, додаваат од Опшината, а во рамките на настанот се одржа и ликовна работилница.
Основна цел на проектот „На одмор сум, во Скопје сум – општина Центар мисли на мене“, кој е поддржан од локалната самоуправа, како што посочуваат од Општината, е децата да се едуцираат на интересен начин за време на училишниот распуст и да се поттикнат да излезат надвор од своите домови на заедничко дружење и игра. Досега се одржаа повеќе ликовни, музички и театарски работилници. На секоја од нив присуствуваат по повеќе од 200 деца со своите родители.
Веќе за наредната среда е закажано и ново дружење во паркот „Капиштец“ кога ќе се одржат драмска и музичка работилница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.