Забава
Напатената душа на кралицата Арета
Toм Ленард, дописникот на „Дејли мејл“ од Њујорк, напиша не толку розова приказна за неодамна починатата кралица на соулот – од разорен дом и татко свештеник швалер преку бременост на 13-годишна возраст до светска слава – и животната борба со алкохолот и демоните од минатото.
Арета Френклин почина од рак на панкреасот, болест што ѝ беше дијагностицирана во 2010 година. Со денови пред тоа таа беше во еден дом за тешко болни. Иако нејзиното здравје беше нарушено од повеќегодишното консумирање алкохол, цигари и храна, дури минатата година таа го најави своето повлекување од музиката.
Арета со децении беше и остана икона на Афроамериканците. Таа ја пееше Precious Lord на погребот на Мартин Лутер Кинг во 1968 година и настапи на инаугурацијата на Барак Обама повеќе од 40 години подоцна, во 2009 година. Кога таа му пееше на претседателот уште еднаш, шест години подоцна, го снимија како ги брише солзите пред таа да го заврши првиот стих, според „Дејли мејл“.
Дете од растурен дом, ќерка на свештеник швалер, кој својата служба ја претвори во оргии, забремени на 12-годишна возраст, а на 15 години веќе има две деца од два мажи. Поголемиот дел од својот живот се бореше со алкохолизам.
Поради недостиг на доверба, често беше невозможна дива – се расправаше љубоморно со ѕвездите, учествуваше во спектакуларните настапи на бес со семејството и колегите. Цело време одрекувајќи дека има лични и проблеми со однесувањето, Арета даваше сè од себе за да го скрие приватниот живот од јавноста. Но, сè излезе на виделина во неавторизираната биографија во 2014 година, чиј автор, Дејвид Риц, беше решен да ја открие нејзината вистинска приказна по официјалната стерилна верзија објавена 15 години порано, која пејачката ја одобри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

