Македонија
Заев упати телеграма со сочувство за смртта на Кофи Анан
Премиерот Зоран Заев до актуелниот генерален секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, упати телеграма со сочувство за загубата на поранешниот генерален секретар, Кофи Анан, соопшти владината прес-служба.
„Да продолжиме да работиме кон подобро организиран и помирен свет и на овој начин ќе ја оддадеме најголемата почит за големиот визионер, лидер, нобеловец и пред `сѐ човек, поранешниот Генерален секретар на ОН, Кофи Анан. Длабоко жалимe за загубата на Кофи Анан, како и целиот свет, изразуваме искрено сочувство до вас во Обединетите Нации, како колеги, до неговото семејство, но и до сите граѓани кои ја почитуваа и вреднуваа неговата работа како миротворец и борец за човековите права за сите луѓе“, се вели во телеграмата на Заев.
Премиерот додава дека Кофи Анан ќе остане запаметен како вреден пријател, поради неговиот придонес во демократскиот развој на државата, нејзиното меѓународно етаблирање и неговите заложби за обезбедување перспективна иднина на нашата држава и нашите граѓани во големото семејство на рамноправни народи и држави во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

