Економија
Кина ги поддржува напорите на Анкара за зачувување на економската стабилност
Кина ги поддржува напорите на турската влада за зачувување на безбедноста и економската стабилност на земјата и изрази уверување дека официјална Анкара ќе ги надмине своите „привремени потешкотии” со кои се соочува имзинатиов период, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји.
Ванг Ји пораката телефонски му ја пренел на тускиот колега Мевљут Чавушоглу, а информацијата ја потврди и кинеското Министерство за надворешни работи.
Пораката на Кина следува откако турската лира веќе неколку дена бележи пад, по санкциите кои Турција ги доби од САД. По тридневен раст турската лира денеска повторно падна, бидејќи САД се заканија со нови санкции.
Дипломатскиот спор ја засили и загриженоста на инвеститорите.
Претходно денеска за време конгресот на АКП во својот говорот турскиот претседател Ердоган се осврна на последните случувања поврзани со турската економска криза и нагласи дека „некои им се закануваат со економија, санкции, со девизниот курс, девизите, каматите, инфлацијата, но тие ја увиделе нивната игра и сега ги, како што посочи Ергодан ги предизвикуваат“.
„Нема да се предадеме на оние кои се прикажуваат како наши стратешки партнери, а во секој чекор се обидуваат да нè претворат во стратешка цел“, додаде Ердоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

