Соопштенија
Министерството за одбрана: Неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да обвинува по пустошот што го направи во АРМ
Неодговорно е партијата што беше 11 години на власт и која целосно ги запостави АРМ и Министерството за одбрана, денес да обвинува, реагираат од Министерството за одбрана по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зачудувачки е што тие испраќаат соопштение со лажна загриженост и денеска кога медиумите пренесуваат разговори од таканаречените бомби во кои се слуша како се врши притисок врз војниците на АРМ пред парламентарните избори во 2011 година. Ние изнаоѓаме решенија за пустошот што го остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе во Армијата на Република Македонија и во Министерството за одбрана, особено поради нејзините планови да ја зајакнат полициската држава на сметка на АРМ. Првпат по десет години им ги зголемивме 10 отсто платите на припадниците на АРМ, го зголемивме буџетот за одбраната 15 отсто, ја вративме исплатата на јубилејна награда што тие премолчано ја укинаа, го вративме плаќањето за 24-часовно континуирано дежурство, кое исто така беше прекинато со години“, стои во реакцијата на Министерството за одбрана.
Модернизација на АРМ веќе почна, се додава во соопштението, и некои од набавките веќе се објавени. Огласот за набавка на теренски чизми за сите родови на АРМ е во тек, а повторно ќе се објави и огласот за набавка на униформи. Заврши времето на тендери во четири очи. Ние го почитуваме Законот за јавните набавки и ја следиме законската процедура, стои во соопштението на Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Карванот „Зимска новогодишна бајка“ на „Државната лотарија“ шири магија во Скопје
Во пресрет на новогодишните празници, Државна лотарија во втората половина на месец декември ја носи магијата на празничното новогодишно расположение во Скопје преку реализација на караванот “Зимска новогодишна бајка”.
Проектот предвидува оддржување на еднодневни јавни настани кои ќе се оддржат во општините Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Карпош, Аеродром и Гази Баба.
Еднодневните настани ќе започнуваат во 18:00 часот и ќе траат до 23:00 часот.
Во првиот дел од програмата е предвидено оддржување на забавна програма за деца во која најмладите жители на општините во Скопје ќе имаат можност да уживаат во настапот на Детскиот фестивал Поточиња, а истовремено и да проследат театарската претстава на Театарот Чекори, бесплатно да се фотографираат со Дедо Мраз, да добијат новогодишни пакетчиња и да се забавуваат со маскотите на омилените ликови од најпопуларните цртани филмови.
Во вториот дел од програмата ќе се оддржи голем музички концерт во кој граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на македонската песна, а за добрата забава ќе се погрижат ДНК, Андријана Јаневска, Лина Пејовска и Огнен Здравковски.
Скопјани ќе имаат можност на настаните да уживаат со топол пијалок и добра храна.
Во сабота, на 21 декември, во Новогодишната бајка на Државна лотарија ќе уживаат жителите на општина Ѓорче Петров, на плато во паркот.
Во недела, 22 декември, караванот ќе го посети Драчево (кај Крстот) – Општина Кисела вода.
Програмата за најмладите започнува во 18 часот, а настанот трае се до 22:30 часот.
АГЕНДА
Oд 18:00ч до 23:00ч, на следните датуми и места во Скопје:
21 – сабота – Општина Ѓорче Петров на плато во паркот;
22- недела – Општина Кисела Вода, кај крстот во Драчево;
24 – вторник Општина Бутел, пред општинската зграда;
26 – четврток Општина Карпош, плоштад Делфина (пред Порта Влае);
28 – Општина Аеродром, во парокот Јане Сандански;
29 – Општина Гази Баба, плоштад Автокоманда.
(ПР)
Соопштенија
„Мириса на дома“ – кампања која го слави македонското гастрономско наследство, традицијата и уметноста
Македонската традиција е многу повеќе од наследство – тоа е срцето на нашата култура, вредности кои се пренесуваат од колено на колено.
Со кампањата „Мириса на дома”, Халкбанк ги поттикнува сите да ги почувствуваат вредностите што стојат зад традиционалните рецепти и приказните на кои тие се темелат.
Овој проект ја слави македонската култура и ги истакнува силните врски меѓу уметноста и храната. Кампањата е интегрирана преку видео материјалите под наслов #МирисаНаДома, кои ја доловуваат топлината на домашната трпеза и ги пренесуваат емоциите што ги носи секој оброк како симбол на љубов, споделување и традиција.
Во рамки на кампањата, Халкбанк ја промовира и книгата „Патување низ гастрономското наследство“ која е вистинско уметничко и културно остварување. Ова е книга што го претставува македонското гастрономско наследство како едно големо уметничко дело, кое зборува за нашата историја, традиција и култура. Книгата содржи повеќе од педесет рецепти од сите региони на Македонија, рецепти кои со векови се пренесуваат од генерација на генерација. За секој рецепт се направени оригинални илустрации создадени од пет реномирани македонски уметници, кои беа вклучени во овој проект, создавајќи уникатна визуелна приказна за секое јадење.
Кампањата е заокружена и со настан организиран од страна на банката, во традиционален амбиент, создавајќи неверојатна синергија помеѓу звукот на традицијата доловен преку музичката изведба на Дуке Бојаџиев и пријателите, вкусот и визуелните уметности, пренесувајќи многу емоции и неверојатно доживување на присутните.
„Оваа година, преку македонската традиционална храна, се враќаме назад во времето, каде што секој оброк носи приказни за нашата историја и култура. Со кампањата „Мириса на дома“, продолжуваме да ја славиме македонската традиција, поттикнувајќи ги сите да ги почувствуваат вредностите што стојат зад секој рецепт, кој е наследство пренесувано низ генерации. “ изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.
„Мириса на дома“ е дел од кампањата „Трајни културни вредности“ која трета година по ред ги слави богатствата на македонската култура и традиција, иницијатива на Халкбанк АД Скопје. Оваа кампања продолжува да ја истакнува уникатноста на нашето наследство преку уметност, храна и музика.
(ПР)
Соопштенија
Државната лотарија со карван ја носи новогодишната магија во Скопје
Во пресрет на новогодишните празници, Државна лотарија на Македонија во втората половина на месец декември ќе ја донесе магијата на празничното новогодишно расположение во Скопје преку реализација на караванот “Зимска новогодишна бајка”.
Проектот предвидува оддржување на еднодневни јавни настани кои ќе се оддржат во општините Центар, Чаир, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Карпош, Аеродром и Гази Баба.
Еднодневните настани ќе започнуваат во 18:00 часот и ќе траат до 23:00 часот.
Во првиот дел од програмата е предвидено оддржување на забавна програма за деца во која најмладите жители на општините во Скопје ќе имаат можност да уживаат во настапот на Детскиот фестивал Поточиња, а истовремено и да проследат театарската претстава на Театарот Чекори, бесплатно да се фотографираат со Дедо Мраз и да се забавуваат со маскотите на омилените ликови од најпопуларните цртани филмови.
Во вториот дел од програмата ќе се оддржи голем музички концерт во кој граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на македонската песна, а за добрата забава ќе се погрижат ДНК, Андријана Јаневска, Лина Пејовска и Огнен Здравковски.
Скопјани ќе имаат можност на настаните да уживаат со топол пијалок и добра храна.
Караванот ќе започне во општина Центар на 17.12.2024 година на скверот Јадран, а ќе заврши во општина Гази Баба на 29.12.2024 година на плоштадот во Автокоманда.
ПР текст