Македонија
Во Скопје за еден ден казнети 33 возачи поради брзо возење

Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, осум со телесни повреди и три со материјална штета.
При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 16 со лесни телесни повреди. 33 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 33 возачи бидејќи 15 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, седум биле возачи почетници и 11 го управувале возилото под дејство на алкохол.
Девет возила се исклучени од сообраќај бидејќи 8 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле, тројца неправилно престигнувале, четворица возачи не дале првенство на минување на возила и четворица не користеле заштитен шлем.
Во однос на пешаците, санкционирани се двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и еден кој поминал на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 61 мандатни платни налози, додека исто така 57 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.