Македонија
Театар и музика за децата „што ќе се симнат пред зграда“ во Капиштец
Два часа исполнети со театар и музика ги очекуваат сите деца и родители што денеска попладне во 18:00 часот ќе дојдат на детската работилница во паркот во Капиштец. Овој пат дружењето со децата комбинира отворен музичко-драмски час, на кој тие активно ќе учествуваат, ќе се забавуваат и ќе научат нови нешта. Драмскиот дел ќе го води актерот Гораст Цветковски, а на музичката работилница под водство на композиторката Ана Пандевска и пијанистката Дуња Иванова децата ќе се запознаат со инструментот клавинова, осносно електрично пијано.
Проектот „На одмор сум во Скопје сум – Општина Центар мисли на мене“ го организира Oпштина Центар со цел корисно да се исполни слободното време на децата за време на училишниот распуст со едукативни и креативни содржини. Исто така, целта на овие настани, кои се одржуваат под слоганот „Остави го таблетот, симни се пред зграда“, е да се поттикнат најмладите жители што повеќе да излегуваат надвор во своите маала на дружење и игра.
Попладневното дружење во паркот Капиштец ќе почне со драмската работилница на која актерот Гораст Цветковски ќе ги води децата доброволци низ три кратки драмски игри, „Две жапчиња“, „Двајцата истражувачи“ и „Марија и мајка ѝ“, а потоа тој ќе одигра монолог. На музичката работилница пијанистката Дуња Иванова за децата ќе изведе на клавинова неколку композиции од цртаните филмови, а тие ќе имаат можност да се запознаат со овој инструмент. Под водство на Ана Пандевска, најмладите ќе научат што е клавинова, каде се применува, каква е во споредба со акустичното пијано и сл. Ќе одиграат и неколку музички игри на кои ќе треба да решат музички гатанки или да го погодат инструментот, а ќе имаат и кратка бон-тон едукација за односот кон инстrументите, за односот на публиката кон музичарите итн.
Циклусот детски настани што со овој концепт Центар летово ги организира за првпат предизвикаа големо внимание кај жителите на Капиштец, но и на целата општина и градот. Досега се одржаа ликовна, музичка, драмска, како и ликовна работилница со игри без граници кои донесоа радост и насмевки за стотици деца и нивните родители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

