Свет
САД, Франција и Британија го предупредија Асад да не употребува хемиско оружје
САД, Франција и Велика Британија го предупредија сирискиот претседател, Башар ал Асад, дека употребата на хемиско оружје нема да помине неказнето.
Во заедничкото соопштение, трите постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации изразуваат длабока загриженост поради воените офанзиви на сириските сили во Идлиб и хуманитарните последици.
„Особено изразуваме загриженост поради можна илегална повторна употреба на хемиско оружје“, се наведува во соопштението.
Како што се наведува, САД, Франција и Велика Британија одлучиле да реагираат во случај режимот на Асад повторно да употреби хемиско оружје во Сирија.
Соопштението е издадено на петтата годишнина од хемискиот напад на Гута, недалеку од Дамаск, кога загинаа најмалку 1.429 луѓе. Нападот се препишува на режимот на Асад, што тој го негира.
Во април годинава овие три држави започнаа акција против режимот во Дамаск, обвинувајќи го и за хемиски напад на Дума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.
Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес.
Земјотресот бил почувствуван во поширока област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита.