Македонија
Заев ги повика сите институции и организации да се вклучат во грижата за лицата со попречености
Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и координаторот на Националното координативно тело за лица со попречености, Спасе Додевски, денеска се обрати на конститутивната седница на Националното координативно тело за имплементација на конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија при Владата на Република Македонија.
Заев посочи дека целта за формирањето на ова тело е преку донесување извршни одлуки, решенија и акциски план да се унапреди заштитата и целосно да се обезбедат сите човекови права и основни слободи на лицата со попреченост.
„Ја користам оваа можност и да ги повикам сите општествени институции, граѓанските организации за грижа за лицата со попреченост, сите поединци и сите лица со попречености, да бидат дел од него и да го поддржат овој процес. Да станат стратешки сојузници за остварување на правата на лицата со посебни потреби“, рече премиерот Заев.
Тој во своето обраќање додаде дека само со заедничка работа за остварување на конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост ќе изградиме општество што ги вклучува сите луѓе.
Додевски истакна дека ова тело ќе претставува извршен механизам за имплементација на принципите зацртани во конвенцијата на ООН и ќе работи на реализација на постулатите за еднаквост.
„Ова тело ќе има задача одлучно да пристапи кон унапредувањето на сите сегменти на животот и развојот на лицата со попреченост во Република Македонија преку директна интервенција во законските и подзаконските акти и регулативи и нивна имплементација во соработка со државните и странските институции и организации во согласност со европските и светските принципи за оваа област и конвенцијата на ООН за правата на лицата со попречености“, рече Додевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

