Македонија
Димитров на средби во Белата куќа и Сенатот на САД

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес, во Белата куќа, имаше средба со Мира Рикардел, заменик на советникот за национална безбедност на САД.
„Рикардел упати честитки за постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Грција, со кој се отвора вратата за интеграцијата на земјата во НАТО. Ги поздрави храброста и зрелоста покажани во политичкиот и дипломатскиот процес и изрази надеж за успешно завршување на референдумот. Ја пренесе поддршката на Белата куќа за членството на Република Македонија во НАТО и очекувањето земјата набргу да го добие заслуженото место на заедничката маса“, соопшти Министерството за надворешни работи.
Освен во Белата куќа, министерот Димитров денес имаше и средби во Сенатот на САД, со членовите на Комитетот за надворешни односи, Џин Шахин и Џејмс Риш.
„Сенаторите го поздравија постигнатиот договор за надминување на единствената пречка на патот кон членството на земјата во НАТО и изразија подготвеност за нивна натамошна поддршка и поголема соработка во процесот, вклучително и преку меѓупартиската сенатска група за следење на проширувањето на НАТО. Сенаторите ја истакнаа благодарноста за придонесот на Република Македонија во меѓународните мировни мисии, со што земјата ја потврдува својата посветеност кон трансатлантските вредности“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Директорот на геријатрија зел 20.000 евра поткуп за да смести неподвижно лице

Заедно со посредник, директорот на болницата за геријатрија, Мухсин Арифи, барал и примил поткуп за сместување на болно и неподвижно лице во геријтриската установа.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, откривајќи детали за акцијата на МВР со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти дека поткупот бил во износ од 20.000 евра.
За жал, кога сѐ уште владее национална тага, вели Јанев, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат.
Тој уверува дека нема да се дозволи ваквите случаи да останат неказнети.
Македонија
Предложено е спојување на Фондот за иновации со Агенцијата за поддршка на претприемништво

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реорганизација на Фондот за иновации и технолошки развој и предлог за спојување со Агенцијата за поддршка на претприемништво.
Владата го задолжи Министерството за образование и наука во рок од 10 дена да формира работна група со претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Фондот за иновации и технолошки развој која ќе има за цел да изработи нов или измена и дополнување на Закон за иновациска дејност со кој ќе се регулира реорганизацијата на Фондот за иновации и технолошки развој.
Македонија
Владата ќе набави 120 еколошки автобуси за градски превоз

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на 120 еколошки автобуси за градски превоз.
Министерството за транспорт е задолжено да ја отпочне постапката за јавна набавка.
Распределбата ќе се изврши согласно ургентноста, економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа, се вели во информацијата од владината прес-служба.