Македонија
,,Анима мунди” алармира: Црева, глави, утроби на животни фрлени на улица во Визбегово
,,Во држава во која казна се добива за продавање зеленчук на улица, но не и за мачење и колење животни по јавни површини – паркови, дворови и пред очи на сите – ова е реалноста со која се соочуваме. Инспекторите ќе казнат сопственик кој своето куче го шета на поводник, но без маска (бидејќи е неагресивно а тоа е дозволиво со закон), но не и оние кои среде населена средина мачат и колат животни; не и оние кои ги товарат во возила, врзуваат глава и екстремитети тесно за да не можат да се помрднат предизвикувајќи им при тоа страв, болка, мачење”, се вели во реакцијата на Здружението за заштита на животни „Анима мунди“.

Тие велат дека изминативе денови им пристигнувале фотографии од шокирани луѓе кои сведочеле како жена го врзува, распорува и го шие мртвото животно, околу кое се шири неподнослива смрдеа. Ова се случува во строг центар.
,,Прашуваме каде живееме ние? Ова се утроби, нозе, глави, црева од заклани животни и фрлени во населено место. Улица 5 Визбегово. Потребен ли е посебен повик за институциите?”, прашуваат од ,,Анима мунди”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

