Соопштенија
(Видео) Николов: Наместо ветените 15 отсто, власта ги зголеми платите во здравството за минорни 5 проценти
Владата и премиерот Зоран Заев за изминатава година и половина власт во континуитет ги лаже и манипулира лекарите и здравствените работници, рече на прес-конференција Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека наместо реализација на ветувањата што ги дале пред да добијат власт, актуелните владини функционери или ги запираат круцијалните проекти или ги лажат лекарите и вработените во здравствениот сектор, како и самите граѓани.
„Денес се потврди утопијата дека откако ќе дојдат на власт, во првите шест месеци ќе ја покачат основната плата на сите здравствени работници за 15 проценти. Измина повеќе од една година и половина откако владата предводена од СДСМ е на власт, а ова ветување се сведе на минорни 5 отсто. Едноставно кажано, повторно излажаа. Замислете, СДСМ и Заев ветуваа дека основната плата на докторите специјалисти до 2020 година ќе изнесува повеќе од 100 илjади денари. Со ова темпо на покачување, тешко дека некој специјалист ќе ja види оваа плата, а лекарите и здравствените работници само ќе продолжат да заминуваат од државава“, нагласи Николов.
Тој потсети дека СДСМ ветувал и зголемена капитација за матичните лекари, односно покачување на капитациониот бод на 90 денари и покачување на капитацијата по пациент на матичните стоматолози.
„Денес се сведовме во состојба околу 10 илјади пациенти да останат без здравствен третман од матичен лекар, сето тоа само поради неспособноста да се отстранат бирократските процедури. СДСМ и министерот Венко Филипче најавуваа ставање на пациентот во центарот на вниманието, а флоскулата ‘задоволни пациенти и задоволни лекари’ денес се сведува на зголемување на времето на чекање на преглед кај специјалист и преоптовареност на специјалистите со по 40-50 прегледи на ден“, наведе членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Притоа Николов јавно праша знае ли актуелниот министер за здравство што ветувала партијата што го довела на оваа функција, и што им е ветувано на вработените во здравството и на граѓаните.
„Со неисполнувањето на ветувањата, лагите и со манипулациите, како со оваа последнава за покачување на платите за 5 проценти, а не ветените 15 проценти, Заев и Филипче покажуваат дека тие не се грижат за здравјето на граѓаните и единствено ги манипулираат“, потенцираше Игор Николов и ги повика министерот Филипче и одговорните во владата на СДСМ да реализираат барем едно од дадените ветувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Митески: Паметен пристап до паркирањето, практично, економично и безбедно решение за Аеродром
Градоначалникот на Општина Аеродром и кандидат за нов мандат, Дејан Митески, најави решение за еден од најчестите проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – недостатокот на паркинг места и хаосот во сообраќајот.
„Наместо нереални ветувања за катни гаражи кои бараат години и милионски буџети, општината се насочува кон брзо и практично решение, воведување еднонасочни улици со обележани ленти за паркирање. Не можеме да изградиме катна гаража за шест месеци, но можеме за шест месеци да обезбедиме до 800 нови паркинг места“, истакна Митески, додавајќи дека ова решение се базира на користење на постојната инфраструктура, без дополнителни големи трошоци.
Тој кажа дека оваа стратегија носи три големи придобивки за жителите на Аеродром: прво, значително се зголемува бројот на достапни паркинг места во густо населените зони, со рационално искористување на секој метар улица, второ, создава можност за воведување велосипедски патеки на делови каде што ширината тоа го дозволува, поттикнувајќи здрави и еколошки навики и трето, самата организација на еднонасочните улици природно го намалува брзото движење на возилата, придонесувајќи кон побезбедно и покултурно сообраќајно однесување.
„Со новиот сообраќаен режим, улиците ќе станат поуредени, побезбедни и попрактични. Наместо да вложуваме време и средства во невозможни проекти, се фокусираме на решенија што граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш“, рече Митески.
Соопштенија
Ристески: Комплетна реконструкција на улицата Јане Сандански, продолжуваат инфраструктурните проекти во Македонски Брод
Комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“, продолжуваат инфраструктурните проекти во Македонски Брод, вети Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес, заедно со мојот тим извршив увид во градежните активности кои се одвиваат на крак од улица „Јане Сандански“. Вршиме целосна реконструкција на оваа улица, односно реконструкција на коловозната лента, пешачките патеки, подземните инсталации, а исто така ќе вградиме хоризонтална и вертикална патна сигнализација. Македонски Брод, во градското подрачје добива уште една безбедна улица“, рече тој.
Соопштенија
„Влен“: Гласот за НАИ е глас за Левицата
„Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографијата што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт“, велат од „Влен“.
„Да не заборавиме која е Левица, партија која: јавно ги навреди Албанците, се изјасни против независно Косово, се спротивставува на членството во НАТО, побара затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците!
И денес, НАИ седи на маса со нив, за валкан изборен договор. Ова не е политика, ова е срамна зделка. Ова не е стратегија, ова е морален колапс.
Сега на секој граѓанин му е јасно: за да го задржат своето фотелја, тие се подготвени да се продадат на секоја сила што ги мрази Албанците.
Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат, на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. Додека ВЛЕН, со својот кандидат Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот свој тим, претставува достоинство, развој и иднина.
Албанците не се пазарат со оние што ги навредиле. Албанците не се продаваат. Тие гласаат за промената што ВРЕДИ!“, се наведува во соопштението на „Влен“.

