Свет
Потона брод со мигранти кај Тунис, петмина загинати
Од морето се извлечени пет тела на мигранти чиј брод потона додека се обидувале да го поминат Средоземното Море за да стигнат на италијанскиот остров Лампедуза, соопшти крајбрежната стража на Тунис.
Екипи на крајбрежната стража сè уште трагаат по петмина Тунижани за кои семејствата рекле дека биле на бродот кој неделава отпловил од јужната крајбрежна заедница Зарзис.
Трговци со луѓе сè повеќе го користат Тунис како почетна точка за мигрантите што сакаат да дојдат во Европа поради што крајбрежната стража со помош на вооружени сили ги заостри контролите.
Многу мигранти бегаат од Тунис поради невработеност и инфлација, кои настанаа по уривањето на режимот на автократот Зин ел-Абедин Бен Али во 2011 година.
Најмалку 80 мигранти загинаа кога брод потона во близина на Тунис во јуни оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе, кои се најдобри во професијата судии, пренесува „Ројтерс“.
Свет
Германските компании сè повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и сè повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот што ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде што поради падот на нарачките, се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои и две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои и две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и заринка на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, а бројот на патниците на бродот сè уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража почна спасувачка операција користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.