Забава
(Видео) Првпат во историјата со дрон снимено изолирано племе во амазонската прашума
Првпат во историјата снимка од дрон успеа да регистрира целосно изолирано племе во амазонската прашума во Бразил, објавија медиумите.
Бразилската агенција „Фунаи“, одговорна за одржување на изолацијата на домородните народи, ги објави првите снимки од изолирано племе направени со дрон.
Дронот снимил група луѓе на чистинка среде амазонската прашума. „Фунаи“ објави дека веќе неколку години знае за ова племе и го проучува од далечина, но никогаш претходно нe биле снимени припадниците на истото. Имено, на снимката може да се забележат луѓе кои одат низ дождовната шума и на чистинката.
Идејата на „Фунаи“ е да не воспоставува директен контакт со вакви групи, туку само да ги следи. Агенцијата соопшти дека племето е запознаено со надворешниот свет, односно со градовите и фармите што го опкружуваат, но веројатно намерно се изолирало поради трауматични искуства. Агенцијата додаде дека се бори за заштита на таквите заедници, а досега регистрирала 107 изолирани племиња низ Бразил.
„Доколку тие сакаат да контактираат со надворешниот свет, би нашле начин за комуникација со нас“, вели Бруно Переира, координатор на студијата за домородните групи во регионот.
Переира додава дека надгледувањето на таквите групи ѝ овозможува на „Фунаи“ да ја проучува нивната култура. Тој вели дека агенцијата сè уште не го идентификувала името на снименото племе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сенидах доаѓа во Скопје: првиот солистички концерт во Македонија закажан на 14 февруари
Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“.
По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.
Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.
Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин

