Македонија
Заштитениот сведок во „Монструм“: Бев присутен вечерта кога се случи убиството, ги видов и телата

Заштитениот сведок Е1 во случајот „Монструм“ на денешното рочиште рече дека на денот на петкратното убиство бил присутен кај Смилковско Езеро и видел 4 тела на земјата.
Прашан од страна на одбраната, заштитениот сведок рече дека не го видел петтото тело на рибарот.
Исто така, заштитениот сведок истакна дека на 12 април кај Смилковско Езеро освен црниот „голф“ со затемнети стакла, имало уште 2 возила со сина и бела/сива боја.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Македонија
Дел од Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 14:30 часот, дел од корисниците на ул.Мечкин Камен и ул.Дубровничка.(Општина Ѓорче Петров).
· Oд 12:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од ул. 4 во Ново Село .(Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претпладне облачно со повремен локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува

Времето денеска, претпладне облачно со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.