Македонија
Општина Чаир: Инцидентот во Скопската чаршија е правно-сопственички, а не национален

Во врска со последните случувања, кои се однесуваат на една случка во близина на хотелот „Арка“ во Старата скопска чаршија, Општина Чаир соопшти дека се работи за проблем од правно-сопственичка природа и како таков случајот е под надлежност на Министерството за транспорт и врски.
„Што се однесува до изјавата на сопственикот на хотелот ‘Арка’, истакнуваме дека проблемите од правно-сопственичка природа потребно е да се решат од страна на надлежните органи, во конкретниот случај Министерството за транспорт и врски, и за лични интереси да не им се даде меѓуетничка конотација.
Старата скопска чаршија била и ќе остане симбол на мултиетницитетот и мултиконфесионалноста исто како и цел град Скопје. Апелираме уште еднаш проблемите од правно-сопственичка природа да не се злоупотребуваат за поттикнување меѓуетничка омраза”, се вели во соопштението.
Од хотелот „Арка“ се жалеа дека биле изложени на, како што велат, вандалски напад од страна на 20-ина хулигани организирани од сопственик на дивоградба, која, според тврдењето на сопственикот на „Арка“, Сашо Џиковски, се гради во Старата скопска чаршија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.