Економија
(Видео) Трипуновски: Николовски се шета низ Европа додека 20.000 тони слива скапуваат на нивите
Земјоделството е во тотален хаос. Откако СДСМ е на власт, во секој земјоделски сектор владее безредие. Откуп нема и земјоделските производи скапуваат на нивите. По откупната криза со оризот, зелката, доматите, праските, бостанот, пченицата, во моментот има криза и со сливите. Илјадници земјоделци мака мачат како да преживеат, а власта ништо не презема, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Љупчо Николовски ветуваше дека ќе организира пласман на земјоделското производство бидејќи имаат лидер што доаѓа од земјоделскиот регион. Гледајте го видеото во продолжение и да се потсетиме како манипулира Љупчо Николовски од партиски митинг во Велес пред парламентарните избори во 2016 година.
„Почитувани, ниту има организиран пласман ниту земјоделсвото е унапредено. Земјоделството е уназадено, а земјоделците потценети како никогаш предходно и за тоа виновни се Љупчо Николовски и Зоран Заев . И додека во Радовишко, Делчевско, Беровско и во другите сливарски региони во моментот повеќе од 20.000 тони слива скапуваат, а земјоделците се соочуваат со егзистенцијална криза, министерот Николовски шета низ Европа. Илјадници производители на слива се чудат како да го преживеат денот, а Николовски отиде на шетање во Словенија“, вели Трипуновски.
Тој вели дека местото на министерот е секојдневно да биде помеѓу земјоделците, да создава подобри услови и да ги решава земјоделските маки.
„Почитувани земјоделци, за жал, ниту премиерот, кој доаѓа од земјоделски регион, ниту Николовски не се ни труди да организира откуп. Заев, наместо да ги решава проблемите на земјоделците, потпишува капитулантски договори за промена на името, нешто за што одвојува милионска сума за водење кампања, а Николовски мува не го лази и ги реди европските градови што ги посетил. Власта, доколку сака да им го реши проблемот на сливарите, ќе ја послуша ВМРО-ДПМНЕ и ќе овозможи откуп по цена од 12 денари за килограм сина слива, што е најниско рентабилна цена. Сè друго е понижување на трудот на земјоделците. Повеќе од една година земјоделците се жртва на СДСМ. Ниту Зоран Заев ниту Љупчо Николовски не е способн да овозможи развој и нормално функционирање на земјоделскиот сектор во Република Македонија. СДСМ мора да си замине од власт додека штетите не бидат преголеми во земјоделскиот сектор“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска: Вложувањето во знаење е најсилната енергетска инвестиција – врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading”
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените – компетенции кои се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.
Во своето обраќање, Божиновска истакна дека инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција што може да ја направиме – не само во институциите, туку и во заедничката иднина.
„ Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија,“ рече Божиновска.
Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со создавање можности за стручно усовршување и развој на домашните кадри.
„ Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам,“ порача министерката.
На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор. Церемонијата се одржа во позитивна и инспиративна атмосфера, во знак на заедничката посветеност кон градење на експертски и компетентен кадар кој ќе го движи македонскиот енергетски сектор напред.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.
Економија
Страшно добра понуда од Минт кредит!
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
· -30% помали трошоци до 31.10.2025.
· Инстант одобрување за само 10 минути.
· Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
(ПР)

