Македонија
Се предлага итна набавка и замена на неисправните и застарени PM-инструменти во мерните станици

Владата и Министерството за животна средина во наредниот период ќе преземат низа препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, на соијалната мрежа ,,Фејсбук“ информира дека на 23 август 2018 година се одржал состанок на интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух и дефинирање соодветни препораки и мерки што треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот (ИРГ), на кој, по расправата, по предлог на членовите биле донесени неколку заклучоци.
„Владата да го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да подготви план за итна набавка и замена на неисправните и застарени PM-инструменти во рамките на постојните мерни станици;
Владата да го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање за забрзувње на процесот за подготовка и доставување до Собранието на предлог-законот за индустриско загадување;
Се задолжува Министерството за животна средина и просторно планирање да организира состанок со градоначалникот на Гази Баба, каде што ќе се дискутира за проблемите со квалитетот на воздухот во општината;
Да се задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да направи соодветни измени во Законот за животната средина, во членот 154, каде што „план за вонредни состојби“ ќе се преименува во „планови за хаварии“;
Се задолжува Министерството за животна средина и просторно планирање да одговори на прашањата на „О2 коалицијата“ во временски рок од 15 дена од нивното доставување;
Се задолжува претседателот на ИРГ да достави во рок од 15 дена статус на реализација на задачите од 40. седница на Владата“, напиша Макрадули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена Скопска Општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Времето во наредните денови
Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.