Македонија
Димитров во Брисел се сретна со Роуз Готемолер, заменик генерален секретар на НАТО

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска остварил средба со заменикот генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер, информираат од МНР.
На средбата, како што додаваат од македонското министерство за надворешни работи, биле разменети мислења за актуелната соработка меѓу Република Македонија и НАТО, како и подготовките што ги презема Македонија во рамките на пристапниот процес за членство на земјата во Алијансата.
Министерот Димитров го образложил моменталниот контекст и атмосфера во земјата, како и текот на подготовките во пресрет на референдумот, но и паралелната конкретна работа на имплементација на реформите.
„Ви благодарам за поканата за пристапни преговори за Република Македонија на Самитот во јули. Одлучно одиме по патот до членството што го зацртавме уште пред 25 години. Ќе ја завршиме оваа незавршена историска мисија, во интерес на стабилноста и просперитетот на Република Македонија, на стабилноста на Балканот и на стабилноста на Европа“, изјавил министерот Димитров.
Заменичката генерален секретар на НАТО, за време на средбата изразила подготвеност за сестрана поддршка кон заложбите на Македонија за приклучување кон Алијансата и надеж дека ќе знаеме да ја искористиме широко отворената врата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а под контрола и изгаснати се 15 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Јасен (мешана шума), во Општина Маврово и Ростуше восело Церово и во Општина Прилеп во село Беловодица.
Под контрола и изгаснати се 15 пожари, и тоа:
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.