Македонија
„На точак“ за достојно и организирано одбележување на Денот без автомобили
Денеска, ќе се одржи 76. критична маса, со која неформалната група „На точак“, заедно со велосипедистите во Скопје, ќе побара од општините поголеми заложби во поддршката на здравиот транспорт во градот.
По тој повод, групата на почетокот од неделава испратила допис до Град Скопје и 8 општини во градот, во кој се бара поткревање на свеста за превоз што не вклучува автомобил, кој е неефективен и штетен тип на превоз, и поголеми напори насочени кон менување на моментните транспортни навики. Како прв чекор кон тоа е наведено одбележувањето на Светскиот ден без автомобили, 22 Септември.
„’На точак’ предлага секоја општина во Скопје, на 22 Септември (сабота), да затвори за автомобилски сообраќај една улица што е во надлежност на Општината, но и да подготви програма и да организира активности за граѓаните (со локални уметници, музичари, здруженија и сл.) на таа улица во текот на денот, со што ќе ги мотивира да дојдат и да се задржат на таа улица за да ја доживеат на поинаков начин. Секако, самите граѓани треба претходно да бидат добро информирани и запознаени со целта на денот, со активностите што ќе се преземат и за затворањето на улиците“, образложуваат од групата.
Многу градови во Европа ќе ги затворат своите улици за движење автомобили еден ден во септември како дел од кампањата „Ден без автомобили“ во рамките на годинашната Европска недела на мобилноста.
Започнувајќи од 22 септември 2000 година, кога 760 града во Европа го поддржаа организирањето на Денот без автомобили, секоја година учество земаат и нови градови јасно покажувајќи дека почнуваат план што ќе ги менува нивните градови во однос на транспортните политики и дека имаат план во кој предност ќе има квалитетниот живот на луѓето.
Од групата „На точак“ велат дека секој 22 септември за градот треба да биде ден во кој ќе се презентираат идеи поврзани со здравата транспортна политика.
„Тоа е и ден во кој ќе се презентира како е поубаво да изгледа градот. Улиците да бидат полни со луѓе, а не со автомобили. Улиците да бидат место каде што луѓето ќе се среќаваат, разговараат, забавуваат, каде што децата безбедно ќе играат“, наведуваат од „На точак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Скопје од денеска директно се поврзува со шпанската престолнина Мадрид
Скопје од денеска директно се поврзува со шпанската престолнина Мадрид, авиолинија која е една од дваесетте авиолинии што ги воведовме во изминатата година, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рафаел Сориано Ортиз и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, го означија првиот лет Скопје-Мадрид.
Николоски потенцираше дека ова е огромен успех за авиосообраќајот, бидејќи со воведувањето на новите линии се забележува и значителен раст на патници и туристи во Македонија.
„Многу ми е драго што денеска почнува директна линија помеѓу Скопје и Мадрид, ги поврзуваме двата главни града, главниот град на Кралството Шпанија и главниот град на Македонија, нешто што е многу значајно, за развојот на туризмот, за развојот на бизнисот и за размената помеѓу двата народи, размената во културата, нешто што навистина многу значи“.
Од минатата година кога беше избрана оваа Влада до денес, додаде тој, отворена е 21 нова дестинација.
„Од Париз, од “Орли” се лета за Скопје, од Истанбул се лета за Охрид, од Дубаи ќе почне да се лета за Скопје оваа зима, од Барселона, од Лион, од Амстердам и од Љубљана се лета за Скопје, тука се чартерите на “Фрибрд Ерлајнс” кои што секој ден слетуваат на скопскиот аеродром, кои за скоро ќе бидат и по два дневно. До Охрид почна да се лета од Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм на главниот аеродром почнуваат овие денови. Понатаму, ја отвараме Женева, Келн, многу значајно за мене Прага, а веќе од пролет Неапол-Италија, Будимпешта-Унгарија, Катовице и Вроцлав до Охрид, и Милано исто така до Охрид.
Вкупно 21 нова дестинација, 21 нова линија, за зголемување на бројот на туристи и повеќе бизнис во Македонија. Сакам да се заблагодарам на директорот на ТАВ на неговиот тим, за одличната соработка која што ја имаме, да се заблагодарам на амбасадорот на Шпанија и да најавам дека ќе има уште дестинации од Шпанија, Барселона и Мадрид нема да се последни” истакна вицепремиерот Николоски
Македонија
Утре наутро претежно ведро и студено, преку денот сончево
Утре наутро ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.
Македонија
Еден од министрите, секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, вели Арсовска
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи го повикува Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, да постапи по, како што вели, „доказите за криминал“ кои се однесуваат на актуелни случаи поврзани со дивоградби.
„Го повикувам Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, да ги оправда тие 2% доверба кои ги има обвинителството кај граѓаните и да постапи по доказите за криминал.
Во спротивно, вели Арсовска, креира опасен преседан.
„Ќе започнеме сите со капитални проекти за градење безбедни дивоградби и обезбедување гратис станови со џабе вода и џабе струја за оние на кои не им е решено станбеното прашање. И нема да смеат да ни писнат, ни да прашаат од кај се парите.
Плус ќе треба да им се извинат на сите кои ги казниле, им срушиле објект или отслужуваат казна за бесправна градба.
Затоа што еден од министрите на Владата, секој ден плаче, лаже, манипулира и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, еве повеќе не ве повикувам да постапите. Ве виде народ, се девалвиравте бидејќи не смеете да му писнете на Висар Ганиу“, пишува Арсовска.

