Македонија
Средба Заев-Катич: Охрабрување од Словенија за Македонија да продолжи напред во клучниот момент за евро-атлантските интеграции
Премиерот Зоран Заев придружуван од заменик-министерот за одбрана, Беким Максути, и од националниот координатор на Македонија за НАТО, Стево Пендаровски, се сретна со министерката за одбрана на Република Словенија, Андреја Катич, придружувана од словенечка делегација, како и од словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Јазбец.
Членството во НАТО и во ЕУ се значајни за стабилноста и иднината на Република Македонија, како и на целиот регион, поради што Република Словенија ја охрабрува нашата држава да продолжи напред, во важниот момент за евро-атлантските интеграции на Македонија, соопшти словенечката министерка за одбрана, Катич.
На средбата е разговарано дека нашата земја има направено значителни чекори на евро-атлантскиот пат и дека сега треба да се искористат позитивната клима и поддршката што ја има Македонија од земјите членки на ЕУ и на НАТО.
Премиерот Заев оцени дека граѓаните на Република Македонија знаат што значат мудри одлуки што ја обезбедуваат нивната иднина и иднината на нивните деца во родната држава.
,,Верувам дека референдумот ќе биде успешен. Мнозинството граѓани и политички субјекти веќе се профилираа во една коалиција за европска Македонија, а тоа ќе донесе стабилност и напредок и во нашата држава и во целиот регион”, рече премиерот Заев. Тој додаде
дека по успехот на референдумот, Македонија ќе биде нормална држава, признаена од светот, со потврден македонски идентитет.
,,Немаме веќе отворени прашања со ниту еден од соседите, се развиваме како едно општество за сите, каде што сите граѓани, независно од етничката припадност, се со еднакви права и обврски пред законот. Работиме посветено на реформите во правосудството, во безбедносните институции, новите закони за медиумите се во Собранието. Граѓаните на Македонија ќе живеат европски и демократски како развиениот свет”, рече премиерот Заев.
На средбата се разговараше и за актуелните политички прашања во Словенија, а заеднички е констатирано дека Македонија и Словенија се блиски пријателски земји и дека во тој дух продолжува развојот на билатералните односи и меѓусебната соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?
„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН.
„Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.
Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.
Дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите“, прашуваат од ВЛЕН преку соопштението.
Македонија
СДСМ за Груби: Режирана претстава на границата, фалеше само црвен килим
На граѓаните им веќе јасно и знаат сè. Разоткриенo е секое делче од договореното сценарио и политичките дилови со кои се урна правата држава. Режирана претстава на границата. Со наочари, насмевка, лисици. Фалеше уште црвен килим за Груби, велат од СДСМ преку соопштение.
„Смислено сценарио и пречек со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан.
Потоа крешендо со одредување куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ.
И на крај целосно разобличување.
Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.
Излезе директорот на затворот Шутка, го демантираше Обвинителството. Јавно рече дека ниту МВР ниту АНБ не се обратиле и не побарале мислење.
Нема подобра потврда од ова дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже.
Сè е договорено.
Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се“, се вели во соопштението на СДСМ.
Македонија
СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците
„Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни“, соопшти СДСМ.
„Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 тендер за друга, има пари за 74 тендери за трета, има пари за 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ преку Пошта.
Нема пари за работниците, има само за луксузирање и криминални тендери.
Владата на Мицкоски постојано се задолжува, пари обезбедуваат врз грбот на народот ама за криминални тендери а не сакаат да обезбедат пари за плати за работниците.
Одбивањето на законот е директен удар врз животниот стандард на граѓаните и на над 200 илјади работници. Во услови кога синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, кога храната, струјата и основните трошоци растат од месец во месец, ВМРО-ОКГ ги изневери работниците.
СДСМ понуди реално и одржливо решение – со ребаланс на Буџетот и пренамена на пари од луксузи, како мебел, коли, авион, да се обезбедат пари за 600 евра плата, како што заслужуваат работниците.
СДСМ нема да се откаже. Ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати, за работниците, за граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

