Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Средствата за кампања ќе ги донираме, очекуваме тоа да го направат сите партии

Договорот за промена на името за кој Заев фрла милиони евра за промоција е капитулантски и во целост на штета на Република Македонија. Според капитулантскиот договор, Република Македонија го менува името, јазикот, идентитетот, културата, историјата и традицијата. Тоа е најнегативниот договор за македонскиот народ и држава некогаш потпишан од Македонци, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Заев и Владата наместо да фрлаат милион за промоција на овој капитулантски договор, парите да ги пренаменат за изградба на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
,,ВМРО-ДПМНЕ средствата за кампања кои не следуваат ќе ги донира, очекуваме тоа да го направат сите политички субјекти. Наместо промоција на штетни договори кои ѝ носат само штета на државата, да направиме нешто полезно за општеството и граѓаните. Република Македонија во 21 век има потреба од инвестиции, силна економија, технолошки развој и услови за развој како во западните држави, тоа треба да биде целта кон која ќе се стремиме. Овој капитулантски договор не ни гарантира ништо од тоа. Со овој капитулантски договор Република Македонија само тоне. Заев и СДСМ мора да си заминат. Република Македонија заслужува подобро”, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација

Зошто сè уште би оделе во банка за кредит – кога целиот процес може да се заврши онлајн, без хартија, без чекање и без дополнителни трошоци? Халкбанк веќе нуди услуга која ви овозможува да подигнете потрошувачки кредит од каде било, во кое било време. Online кредитот е дизајниран за клиентите што сакаат сигурност, едноставност и услуга што се прилагодува на нивниот животен ритам.
Кредит од дома – без шалтер и без документација
За аплицирање за Online кредит, клиентот треба да биде примател на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје и да има активна електронска банкарска услуга. Дополнително, потребно е во последните шест месеци редовно да има примања на трансакциска сметка во банката. Апликацијата се поднесува со логирање на електронското или мобилното банкарство и избор на табот „онлајн производи“. Договорот се потпишува електронски, со дигитален токен преку VASCO токен (e-signature) , што овозможува сигурен, заштитен и целосно дигитален процес – без физичко присуство.
Достапност во секое време, од било каде
Аплицирањето за Online кредит е достапно 24 часа, седум дена во неделата. Клиентите можат да пристапат до услугата во кое било време, од кој било уред – без разлика дали се дома, на работа или во странство. Тоа го прави процесот не само брз, туку и крајно практичен.
Фиксна камата, без провизии, јасни услови
Износот на кредитот може да биде до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна и изнесува 6,5% за целиот период, а вкупниот годишен трошок за кредитот изнесува 6,70%. Висината на кредитот што може да се одобри зависи од месечните примања на клиентот, при што максималниот износ на месечниот ануитет не смее да надмине 40% од нивната плата или пензија. Халкбанк не наплаќа провизија за апликација, нема трошоци за обработка, ниту надомест за предвремена отплата.
Фокусот е на клиентот
Online кредитот не го менува само начинот на аплицирање, туку и целиот пристап кон банкарските услуги. Наместо да се прилагодувате вие на процедурата, процедурата е прилагодена на вас – едноставно, сигурно и во моментот кога навистина ви треба.
(ПР)
Соопштенија
„Сетек Денови“ – ДО 70 % ПОПУСТИ

Oд 9 јуни, понеделник, започнува најголемата акција на Сетек – сè од техника, најпосетуваните Сетек Денови каде попустите стигнуваат и до 70%!
„Сетек Денови“ е акција каде љубителите на најпознатите брендови, на едно место можат да видат и да одберат се што сакаат и се што им е потребно од техника, по најниски цени.
Во сите салони на Сетек низ Македонија, следува огромен избор на производи од бела техника, фрижидери, телевизори, компјутери,лаптопи, се од ИТ, мобилни, смартфони, голема палетана додатоци, мали апарати, гејминг опрема, опрема за фитнес, мали и големи апарати и многу повеќе.
Акцијата, СЕТЕК ДЕНОВИ, дава можност за многу поволности како на цените, така и на изборот на производите. Салоните во овој период стануваат зборно место за техника, а веб страната www.setec.mk најпосетуваното место за online продажба.
Искористете ја можноста, дојдете во Сетек и купете најмногу техника, со најниски цени.
Компанијата Сетек, како лидер на пазарот, повеќе од 30 години, во континуитет ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите.
Со мрежа од 33 различни локации, модерно опремени салони и премиум продавници, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој љубител на современата техника.
Покрај актуелната акција, Компанијата, во континуитет нуди и услуги за полесен пристап и поголема можност за корисност на купувачите, како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и долготрајна употреба.
Сепак, обожавателите на техника најмногу ја чекаат акцијата СЕТЕК ДЕНОВИ, кога буквално СÈ СЕ КУПУВА !
(ПР)
Соопштенија
„Алкалоид“ на Третата регионална ESG-конференција на AmCham: градење резилиентност во свет што се менува

Во својство на една од пионерските компании во имплементацијата на принципите на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), „Алкалоид“ зеде активно учество на Третата регионална ESG-конференција, организирана од македонската подружница на Американската стопанска комора, во соработка со AmCham Србија, AmCham Албанија и AmCham Косово.
Настанот собра претставници од деловниот сектор, институциите и граѓанското општество, обезбедувајќи платформа за стратешки дијалог, регионална соработка и усогласување на ESG-приоритетите во контекст на заедничките предизвици и цели на регионот.
„За компаниите во земјава и регионот примената на ESG-принципите повеќе не е избор – тоа е стратешки чекор кон одржлив раст и поголема конкурентност на глобалниот пазар“, истакна во својот воведен говор Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.
Во својство на член на Бордот на директори на Американската стопанска комора, Мукаетов потенцираше дека иако општествената одговорност на компаниите (CSR) често се смета за правилната работа што треба да се направи, ESG сè повеќе се препознава како паметен пристап, особено во контекст на глобалните предизвици и стремежот кон долгорочна резилиентност и одржливост на бизнисите. Од објавувањето на првиот ESG-водич за известување од страна на Македонската берза во 2022 година, изработен со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), започна видлив напредок во областа на ESG-сообразноста кај компаниите во земјава и регионот.
Сепак, како што беше нагласено од страна на говорниците на Конференцијата, процесот на имплементација сè уште е неконзистентен и нецелосен. Учесниците упатија јасен повик за појаснување на регулативната рамка, воспоставување посилни стимулации и обезбедување техничка и институционална поддршка за градење капацитети, со цел да се овозможи поширока, посистемска и поефикасна примена на ESG-стратегиите во сите сектори на економијата. Особено беше потенцирана важноста од усогласување на националните регулативи со стандардите на ЕУ за одржливост, имајќи предвид дека ЕУ е најголем трговски партнер на регионот.
Во рамките на втората панел-сесија насловена „ESG во рамки на ЕУ-регулативата: клучни импликации за компаниите од Западен Балкан“, говореше координаторот на ESG-одборот на „Алкалоид“ АД Скопје, Димитар Ристовски, кој изјави:
„За ’Алкалоид’ ESG-стандардите не претставуваат само формална обврска – тие се суштински дел од нашето секојдневно работење и стратешки двигател за управување со ризици, поттикнување иновации, обезбедување долгорочна конкурентност, градење доверба кај инвеститорите и пристап до одржливо финансирање. Денес вистинското лидерство не се мери само преку финансиските резултати, туку и преку влијанието што компанијата го има врз луѓето и животната средина.“
„Алкалоид“ досега има објавено три ESG-извештаи, а минатата година компанијата го доби признанието „Добри ESG-практики за 2024 година“ од страна на Македонската берза и Американската стопанска комора за својот најнов консолидаран извештај, изработен на ниво на целата групација.
(ПР)