Регион
Три земјотреси почувствувани на границата меѓу Босна и Хрватска

Три земјотреси биле почувствувани изутринава на подрачјето на Босна и Херцеговина и во Хрватска. Земјотресите се регистрирани на подрачјето на Гламоч и Босанско Грахово, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Map of the testimonies received so far following the #earthquake M4.6 in Bosnia and Herzegovina 41 min ago pic.twitter.com/m9rp4iImdN
— EMSC (@LastQuake) August 30, 2018
Најсилниот потрес на земјата со јачина од 4,6 степени по Рихтер е регистриран 19 километри западно од Гламоч, на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил во 5.33 часот.
Вториот земјотрес бил 12 минути подоцна, со магнитуда од 3,1 степени. Во 5.51 часот бил почувствуван и третиот земјорес со магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 21 километар североисточно од Босанско Грахово.
Земјотресот е почувствуван и во Далмација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.