Македонија
(Видео) „Ни ги покажуваа гениталиите и нè нарекуваа антихристи“, сведочи советник за нападите во Општина Центар
На денешното рочиште за случајот „Насилство во Општина Центар“ сведочеше поранешниот советник во Општината, Никола Ѓоргиевски, кој истакна дека за време на протестите неколкумина од граѓаните што протестираа им ги покажувале гениталиите на советниците од СДСМ и коалицијата, па дури и не им дозволувале да влезат во Општината сè со цел да не започне седницата на Советот, на чиј дневен ред биле ставени 3 спорни ДУП-а, меѓу кои и црквата „Св. Константин и Елена“.
„Првично не можевме да влеземе во Општината, па се снаоѓавме кој како знае, па кога успеавме да влеземе, лицата што протестираа почнаа да ги кршат стаклата на Општината, да ги покажуваат гениталиите, да нè нарекуваат антихристи и фашисти“, вели Ѓоргиевски.
Тогашниот советник истакна дека секогаш кога претседателот ќе го ставел дневниот ред на гласање, толпата од надвор станувала агресивна, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ барале да се откаже седницата бидејќи немало услови за работа.
Ѓоргиевски го повтори и она што го кажуваа претходните сведоци во случајот, дека имало присуство на полицијата, но не презеле ништо, односно им било кажано само да набљудуваат.
„Ова ќе остави црна дамка во општина Центар како една од најголемите општини во Македонија, каде што не смеат да се случуваат вакви работи“, рече Ѓоргиевски.
На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали Ѓоргиевски препознава некој од судницата кој бил присутен на протестите, тој го посочи обвинетиот Митко Пецев.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

