Македонија
Могерини: Западен Балкан е партнер на ЕУ во безбедноста
Шефицата за надворешни работи и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, за време на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува во Виена, изјави дека замјите од Западен Балкан за ЕУ се претвораат во партнери за прашања на безбедноста, а порано тие биле разгледувани само како жаришта на нестабилност.
Според Могерини, ЕУ нема да биде целосна сè додека земјите од Западен Балкан не станат членки. На неформалниот состанок учествуваат и претставници од земјите кандидати – Македонија, Србија, Црна Гора, Турција и Албанија.
Дискусиите на состанокот, како што претходно денеска соопштија од македонското МНР, се фокусираат на прашања поврзани со ефективниот мултилатерализам како еден од приоритетите на австриското претседателство со Советот на ЕУ и глобалната стратегија за надворешната и безбедносната политика на ЕУ.
На маргините на состанокот, во организација на австриското претседателство, министерот Димитров ќе учествува и на работен ручек на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ со министрите за надворешни работи на земјите од Југоисточна Европа и Турција, на кој ќе се дискутира за прашања поврзани со дигиталната инфраструктура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.