Македонија
Ново прскање против комарци

Град Скопје известува дека третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши денеска, а четвртата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 3 септември.
Авионската дезинсекција на подрачјето на град Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши во раните утрински часови.
Терестричната дезинсекција на подрачјето на град Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши во текот на денот.
Терестричната дезинсекција на подрачјето на град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе почне на 3 септември (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 7 септември (петок).
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).