Црна хроника
Во Скопје 12 сообраќајни незгоди и шестмина повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, две со лесни и осум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди, а четири лица лесни.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 23 возачи, од кои: четири возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 18 возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи 13 биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни. Санкционирани се пет возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престројување, шест поради неправилно престигнување и девет возачи поради неносење заштитен шлем (кацига). Во текот на изминатиот ден издадени се 60 мандатни платни налози, а 50 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка
Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка.
Според информациите од МВР, денеска во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци.
На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата.
Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото. Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.
По наредба на обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, а против сторителот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

