Црна хроника
Пријави за шверцери на мигранти, за 140 евра им ветувале превоз до Србија
Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.С. (38) од село Селемли, Богданци, и Р.Т. (36) од село Фурка, Дојран, за шверцување мигранти.
На 8 август годинава во Гевгелија, И.С. контактирал и договорил четири лица мигранти на возраст од 21 до 41 година (двајца државјани на Сирија, еден од Алжир и еден од Либија) за сума од 140 евра за лице да им организира превоз до Република Србија.
Подоцна тој го ангажирал Р.Т. со патничко моторно возило „ауди А4“ да дојде на договореното место и да ги прифати мигрантитете во возилото, при што двајцата пријавени ги превезле лицата до село Негорци, каде што ги избркале од возилото. По преземени соодветни мерки и активности, сторителите се пронајдени и приведени, а биле и препознаени од страна на мигрантите, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна 14-годишно девојче од Скопје, случајот го пријавила мајката
Вчера во 20.45 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 44-годишната С.А. од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка, 14-годишната С.А. од Скопје, која и претходно се оддалечувала од домот и била враќана.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Исчезна малолетник од Кочани, можно е 16-годишникот да се наоѓа кај пријателка во Берово
Вчера во 13.30 часот во Полициската станица Кочани, 53-годишната В.Т. од Кочани пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син, 16-годишниот М.Т. од Кочани, извести МВР.
Според пријавеното, можно е малолетникот да се наоѓа кај негова пријателка во Берово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Пожар во куќа во Кичево, нема повредени лица
Денеска во 00.35 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улицата „Јордан Пиперката“ во Кичево настанал пожар на затворен балконски простор на вториот кат од куќата сопственост на 69-годишниот Б.П. од Кичево.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, извести МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.