Економија
Комисијата за хартии од вредност ги вклучува младите да придонесат за развој на пазарот на хартии од вредност
Комисијата за хартии од вредност (КХС) во својата цврста определба за поттикнување на развојот на пазарот на хартии од вредност се препознава како еден од главните учесници во тој процес. Комисијата вложува особени напори во своето работење за реализација на активности што придонесуваат за развој на пазарот на хартии од вредност и во таа насока ја идентификува и научноистражувачката дејност преку која очекува да го зголеми интересот за истражување во оваа област, како и да ја охрабри младата популација (студентите) да даде придонес во овој процес.
За таа цел, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија распишува конкурс за есеј – осврт на тема: „Влијанието и придобивките на приклучување кон евро-атлантските организации врз работењето на пазарите на хартии од вредност“ и за научно истражување – труд со оригинални научни резултати, на тема: „Влијанието и придобивките на приклучување кон евро-атлантските организации врз работењето на пазарите на хартии од вредност“.
Есејот не смее да надминува 8.000 карактери вклучувајќи ги празните места (но без апстрактот, фуснотите, графиконите, табелите и библиографијата) во фонт Times New Roman, 12pt, единечен проред и препорачливо е да ги содржи следните основни делови:
– апстракт;
– вовед;
– осврт кон македонскиот пазар на хартии од вредност и влијанието на приклучувањето кон ЕУ и НАТО врз работењето на македонскиот пазар на хартии од вредност;
– заклучни согледувања и предлози и
– библиографија.
Научноистражувачкиот труд не смее да надминува 20.000 карактери вклучувајќи ги и празните места (без апстрактот, фуснотите, прилозите, графиконите, табелите, библиографијата и анексите), во фонт Times New Roman, 12pt, единечен проред и препорачливо е да ги содржи следните основни делови:
– апстракт;
– осврт на релевантната литература за детерминатите на развојот на пазарите на хартии од вредност;
– опис на состојбите пред и по зачленувањето во ЕУ или НАТО на земјата што се обработува;
– осврт кон македонскиот пазар на хартии од вредност;
– заклучни согледувања и предлози за развој на македонскиот пазар на хартии од вредност и
– библиографија.
Право на учество на конкурсот имаат сите државјани на Република Македонија, без ограничување на бројот на автори. Вработените во Комисијата и комисионерите немаат право на учество. Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите изработени во коавторство се прифатливи.
На конкурсот за најдобро научно истражување – труд авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2018 година. При поднесувањето на трудот авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот. Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или на англиски јазик.
При поднесувањето на трудот авторот треба да достави и изјава за оригиналноста на трудот, како и согласност за објавување. Трудовите се поднесуваат до Комисијата за хартии од вредност на РМ со назнака: „Конкурс за научноистражувачки труд“, по електронски пат, во Word-формат на е-адресата: [email protected] Одлуката за избор на најдобар есеј/научноистражувачки труд ја носи посебна комисија формирана за таа цел во рамките на Комисијата за хартии од вредност, составена од 5 члена. Краен рок за доставување на трудовите е 23 септември 2018 година.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија како награда за најдобар есеј доделува благодарница за придонес и учество на една обука по избор на добитникот – обука за инвестициски советници или обука за работа со хартии од вредност (во вредност до 25.000 денари).
Комисијата за хартии од вредност како награда за најдобро научно истражување – труд доделува благодарница за придонес и парична награда во вредност од 30.000,00 денари.
Наградата за најдобар автор/и на есеј/научноистражувачки труд ќе биде доделена на настан организиран од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 27 септември 2018 година. Сите пријавени трудови ќе бидат презентирани на посебен настан, кој ќе биде организиран од страна на Комисијата за хартии од вредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

