Македонија
Груевски по 8,5 часа одолговлекување, ќе објаснува зошто се жали за пресудата за „мерцедесот“

По 4 одбиени барања на одбраната за изземање на судечкиот совет, в. д. претседателот и претседателот на Апелација, почна седницата на која треба да се потврди или укине пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје со која е изречена 2-годишна казна затвор за експремиерот Никола Груевски и 6 и пол години казна затвор за поранешниот помошник министер на МВР, Ѓоко Поповски, за случајот „Тенк”.
Пред исчитувањето на обвинението и пресудата од страна на судијката известител, претседателката на судечкиот совет рече дека со оглед на динамиката по која се одвива седницата, за истата ќе биде закажан нов термин каде обвинетите пред петочлениот судечкиот совет треба да објаснат кои се нивните жалбени основи за пресудата за набавката на екстра луксузниот „мерцедес“ од 600 000 евра.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите, имало одрони на патот

ЦУК извести дека вчера во 17.06 часот, преку 112 имало пријава за одрон на пат.
„Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност.
За ова веднаш известена ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено“, извести ЦУК.
Македонија
(Видео) Партијата Левица: Радијата да имаат третман како телевизиите – порталите по еден вработен

Партијата Левица поднесе амандман во интерес на порталите и радијата по однос на Законот за медиуми. Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, предложи радијата да имаат третман како телевизиите, а порталите да имаат по еден вработен. Во интерес на јавноста, Мециновиќ од партијата Левица ја образложи потребата за поднесување на овој амандман.
– Сметам дека со овој закон се уредува една многу сензитивна проблематика, затоа што во последниве деценија и нешто, Македонија не добива најбрилијантни оценки во поглед на медиумскиот простор. Многу од медиумските чинители останаа незаштитени, па поради тоа еден вид на регулација е потребен, рече Мециновиќ.
Портпаролот на партијата Левица истакна дека неговиот амандман интервенира во однос на тоа што самиот предлагач има поднесено амандман во којшто се вели дека од тројца вработени се спушта бројката на еден вработен плус еден хонорарен работник.
– Со мојот амандман сметам дека треба да се гледаат работите малку подлабоко. Постојат портали коишто се со многу специфична проблематика како спортски портали, портали за автомобили, религиски портали, кои немаат потреба од толку вработени, така што мислам дека со еден вработен ќе се постигне ефектот кој сакаме да го постигнеме, а да бидат ставени во рамки на законската регулатива и така да бидат заштитени. Затоа го предложивме и амандманот со тоа што би ја намалиле бројката на еден вработен, наместо на ,,еден плус еден” или тројца како што беше во оригиналниот текст, образложи Мециновиќ.
Во комуникација со медиумски чинители од радијата, особено, од националните радија, кои со децении се етаблирани во медиумскиот простор и истите се запишани како радиодифузери, исто како и телевизиите, од партијата Левица сметаат дека не е фер радијата да мораат да пријават посебно правно лице за вршење на оваа дејност, а телевизиите не.
– Тоа ме насочи кон некој интуитивен заклучок дека тоа е затоа што телевизиското лоби беше посилно во избоксувањето на измените во овој закон. Затоа што сето ова претставува еден вид на дискриминација на веќе етаблираните медиумски магнати, сметавме дека треба да се интервенира со еден ваков амандман. И радијата кои се, исто така, радиодифузери како и телевизиите, треба да ја имаат истата привилегија во ова законско решение, но мнозинството како да не го виде тоа за сходно и оттука произлезе потребата за поднесување на овој амандман, дообјасни Мециновиќ од партијата Левица.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево