Контакт

Економија

(Видео) Заев: Развојот на одржлива локална заедница е клучот за развојот на одржлива држава

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, присуствуваше на отпочнувањето на градежните активности на системот за наводнување во Равен – Речица, Тетовско.

dobivaj vesti na viber

„Помагањето на локалните заедници, во време кога им е најпотребно, е нешто за што оваа Влада што ја предводам има слух и волја да го направи животот на секој граѓанин подобар, преку унапредување на условите за живот и работа. Развојот на одржлива локална заедница е клучот за развојот на одржлива држава, за одржлив економски систем и понатаму за одржлив раст и развој, почнувајќи со локалните средини кои се клучен фактор во развојот на државата“, рече премиерот Заев.

Тој исто така појасни дека реализацијата на овој капитален проект, кој изнесува околу 975 милиони денари, ќе се финансира со средства од буџетот на Република Македонија, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Министерот Николовски, пак, пред присутните се обрати со зборовите дека, со изградбата на системот за наводнување Равен – Речица, ќе се реши наводнувањето под Шарскиот Регион.

„Ќе овозможиме овој регион да нема проблеми со производството на надалеку познатите тетовски грав и пченка, но и успешни реколти на други култури кои се садат во овој регион. Во овој период кога како влада сме силно фокусирани на забрзување на евроинтеграцискиот процес, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи на усогласување на нашето земјоделство со европските регулативи. А во целиот процес, наводнувањето на земјоделските површини има клучна улога. Затоа како ресорно министерство интензивно работиме на реализација и на други крупни капитални инвестиции во водостопанството, со крајна цел да ги зголемиме наводнуваните површини“, рече министерот Николовски

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред присутните рече дека со вакви капитални дела им се служи на генерациите кои доаѓаат по нас.

„Посакувам Полошкиот Регион, кој пред 30-тина години беше конкурентен на целокупниот Балкански Полуостров со своите квалитетни производи, со ова витално дело да си го врати тоа заслужен место“, рече Ахмети.

Теута Арифи, градоначалничка на Тетово, за отпочнувањето на овој капитален зафат за Полошкиот Регион, рече дека еден од најголемите проблеми за кои земјоделците од регионот реагирале и барале да се интервенира е токму средување на овој хидросистем, што ќе влијае директно на цените на земјоделското производство.

„Токму европската практична димензија е многу поврзана со денешниот проект, затоа што токму поглавјето за земјоделие во процесот на преговори со ЕУ е еден од најчувствителните, особено за земји како нашата, која е апсолутно заинтересирана да има високо квалитетна и стандардизирана продукција“, рече Арифи.

Од оваа акумулација, која опфаќа површина од 3920 хектари, ќе се наводнува земјоделската површина која се протега од десната – горната страна на автопатот Тетово – Гостивар до подножјето на Шар Планина. Покрај оваа земјоделска површина, со овој систем за наводнување ќе се опфати и дополнителна нето-површина која се наоѓа под автопатот Тетово – Гостивар, и ќе се наводнуваат 3300 хектари земјоделска површина во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово.

Економија

Како малиот бизнис „Сакаш“ преку „Волт“ го забрза својот развој

Објавено пред

Пет години постои палачинкарата „Сакаш“, бизнис што започна скромно, во мал дрвен киоск од пет квадрати. Гордан Миленковски, тогаш само 19-годишен, ја имал идејата за сезонски бизнис во летните месеци, но наместо тоа „Сакаш“ многу брзо прерасна во постојан дел од скопската гастрономска сцена. „Никогаш не мислевме дека ова ќе стане целогодишна приказна. Почнавме од љубов кон палачинките и желбата да направиме нешто поразлично. Но луѓето реагираа веднаш – и така малата идеја стана голема обврска“, вели Гордан.

dobivaj vesti na viber

Иако почетната замисла беше нешто мало и привремено, палачинките на „Сакаш“ станаа вистински хит, производ што не е „само обична палачинка“, туку must try, must eat, must have искуство за различни генерации потрошувачи. „Нашата цел отсекогаш била да направиме палачинка што ќе биде доживување. Не само вкусна, туку и искуство што се памети“, додава Гордан.

Токму квалитетот и креативноста во понудата, комбинирани со искрена енергија и посветеност, овозможија „Сакаш“ да создаде лојална база на купувачи кои се враќаат повторно и повторно. Дополнително на тоа, беше фактот што „Сакаш“ од самиот почеток работи на дигитална промоција. Брендот почна да користи социјални мрежи како главна маркетинг алатка за да допре до младата публика и да изгради препознатлива заедница околу себе. Но, ни тоа не беше доволно да се излезе од микро-локалните рамки на првиот капацитет на „Сакаш“ во населба Илинден, иако многумина патуваат и до Илинден за да ги вкусат нивните палачинки.

Иако побарувачката постоела од самиот почеток, „Сакаш“ долго време не се осмелувал да воведе достава, чекор што бара сериозна логистика и организација. Пресвртниот момент дојде со партнерството со Wolt, кој ја презеде таа улога и овозможи палачинките да стигнуваат до поширока публика. „Ние знаеме да направиме одлична палачинка, но достава не беше нешто што можевме да го изведеме сами. Кога се појави Wolt, сфативме дека тоа е можност за раст без ризик – ние се фокусираме на вкусот, тие на брзината и сигурноста“, раскажува Гордан.

Резултатите не доцнеа – дневниот обем на продажба се зголеми за 20%, а бројот на испечени палачинки порасна. „Откако ќе ја примиме нарачката од Wolt, за девет минути таа е готова и уште за толку време е веќе кај потрошувачот. Верувам дека заедно создадовме најбрза достава во Скопје“, вели тој.

Оваа динамика и сигурноста што му ја овозможи доставата, го охрабрија тимот да оди чекор понатаму. „Сакаш“ веќе се подготвува за отворање на нов локал во голем трговски центар, со што и бројот на вработени порасна над 40 млади

луѓе, со планови за дополнително проширување на понудата. „За нас ‘Сакаш’ не е само бизнис, ние градиме енергија и култура. Тимот е млад, мотивиран и знае да работи, но и да се дружи. Сакаме луѓето да доаѓаат на работа со насмевка, затоа често организираме тим билдинзи. Веруваме дека кога тимот е среќен, и палачинките имаат поубав вкус“, вели Гордан со насмевка.

Приказната на „Сакаш“ е пример како мал бизнис, со вистинска идеја, квалитет и соодветна поддршка, може да израсне во перспектива за поширок раст. Од мал киоск до бренд со препознатливо име, од сезонски план до целогодишен успех, „Сакаш“ докажа дека кога зад производот стои визија и љубов, палачинките можат да бидат многу повеќе од обичен десерт – тие стануваат дел од културно искуство што градот го прифаќа како свое.

Прикажи повеќе...

Економија

„Кожувчанка“ го почнува големиот карван „Екоавантура“ во предучилишните установи во целата држава

Објавено пред

Компанијата „Кожувчанка“, препознатлива по својата долгорочна посветеност на квалитетот, заедницата и општествената одговорност, го најавува почетокот на големиот „Еко авантура“ караван – едукативен проект наменет за најмладите.

dobivaj vesti na viber

Караванот ќе започне во Скопје, со посети на предучилишните установи во сите општини, а потоа ќе продолжи и низ целата држава. Преку оваа иницијатива, „Кожувчанка“ ја демонстрира својата континуирана грижа за заедницата, вложувајќи во образованието на децата и во развојот на свеста за важни општествени и еколошки вредности.

Во рамките на караванот, децата ќе имаат можност да ја проследат детската театарска претстава „Еко авантура“, во изведба на Продукција Триангл. Претставата на забавен и интерактивен начин ја пренесува пораката за зачувување на животната средина, вредноста на рециклирањето и важноста од редовна консумација на вода.

Преку игра, музика и учество, најмладите ќе научат како секој поединец може да придонесе за почиста и поздрава планета.

Со овој проект и преку својата вода Изворска Јуниор во ЕКО амбалажа, „Кожувчанка“ уште еднаш го потврдува својот статус на општествено одговорна компанија која вложува во иднината, во децата, во нивното образование и во одржливиот развој.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска: Вложувањето во знаење е најсилната енергетска инвестиција – врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading”

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

dobivaj vesti na viber

Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените – компетенции кои се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.

Во своето обраќање, Божиновска истакна дека инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција што може да ја направиме – не само во институциите, туку и во заедничката иднина.

„ Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија,“ рече Божиновска.

Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со создавање можности за стручно усовршување и развој на домашните кадри.

„ Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам,“ порача министерката.

На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор. Церемонијата се одржа во позитивна и инспиративна атмосфера, во знак на заедничката посветеност кон градење на експертски и компетентен кадар кој ќе го движи македонскиот енергетски сектор напред.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонски грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани,...

Македонија1 час

Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритет

Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритети државна стратегија, рече премиерот, Христијан...

Топ3 часа

Во Кавадарци со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

Обвинителството ги откри мотивите за грозоморното убиство што се случи летово во Кавадарци. Утврдено е дека 43-годишникот го убил својот...

Свет5 часа

(Видео) Јамајка се подготвува за најлошиот ураган во историјата

Три лица веќе загинаа на Јамајка, додека островот се подготвува за најсилната бура во светот оваа година, а можеби и...

Европа5 часа

Русија: Украина ја напаѓа Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред, соопштија денес руското Министерство за одбрана и градоначалникот на...

Свет5 часа

(Видео) Експлозија во австралиски рудник, двајца загинати

Две лица загинаа, а едно беше повредено денес во експлозија во од неодамна повторно отворен рудник во австралиската држава Нов...

Свет6 часа

Судијата му дозволи на убиецот на Чарли Кирк да носи обична облека на суд

22-годишниот маж обвинет за убиство на истакнатиот конзервативен активист Чарли Кирк може да се појави на суд во „цивилна облека“,...

Европа6 часа

Фон дер Лајен: Литванија се соочува со хибридна закана, нема да го толерираме тоа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја изрази целосната солидарност на Европа со Литванија во врска со постојаните...

Европа6 часа

Зеленски потврди дека Русите влегле во Покровск

Руските сили ја фокусираа целата своја напаѓачка моќ врз Покровск, град во источна Украина каде што сега се водат жестоки...

Македонија16 часа

Мицкоски од Пробиштип повика на масовна излезност во вториот круг

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг,...

Македонија20 часа

Уапсени двајца полицaјци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители...

Македонија21 час

Приведени две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“

Приведени се две лица од раководството на Комунална хигиена, соопштија од Основното јавно обвинителство. Како што додаваат од таму, лицата...

Македонија23 часа

Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар: Има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експертите да кажат

Премиерот Христијан Мицкоски чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за...

Македонија24 часа

Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД

Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД,...

Топ1 ден

Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откога потпишал решение за отстранување од работното место

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“

Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на...

Топ1 ден

(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот што со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити

Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека...

Топ1 ден

На „Дижонска“ уапсен скопјанецот што пукаше со пиштол во Чаир

Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т....

Европа1 ден

(Видео) Путин се пофали со летачкиот „чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен...

Македонија1 ден

Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот

На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот...