Свет
Во експлозија во кафуле убиен лидерот на Дољецкиот Регион
Во силна експлозија што одекна во едно кафуле во центарот на градот Доњецк, во источна Украина, е убиен Александар Захарченко, лидерот на саморпрогласената Доњецка Народна Република. Во експлозијата се повредени и неколкумина високи претставници.
Портпаролота на Владата соопшти дека Захарченко е убиен во терористички напад.
Рускиот претседател, Владимир Путин, порача дека убиството на Захарченко е кукавички чин, чија цел е дестабилизација на кревкиот мир во регионот, пренесе „Ројтерс“.
Во соопштението издадено од Кремељ, Путин не ја обвинува Украина дека стои зад убиството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Свет
Шест лица загинаа во напад на џамија во Авганистан, непознато лице пукало во цивили
Најмалку шест лица загинаа, а едно лице е рането во џамија во авганистанскиот град Андишех во областа Гузара, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи Абдул Матин Кани.
Тој изјави дека „непознато вооружено лице пукало во цивилни верници во џамијата“ вчера во 21 часот по локално време, пренесува Ал Џезира.
Меѓу убиените е и имамот на џамијата во која се молеле шиитските муслимани.
Ројтерс јавува дека меѓу жртвите има и дете.
Свет
Седум Палестинци загинаа, а 32 се ранети во израелски бомбардирања
Седум Палестинци загинаа, а најмалку 32 се ранети во израелско бомбардирање на блокираниот Појас Газа, јавува дописникот на ВАФА.
Тој рече дека израелските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз северните и западните делови на бегалскиот камп Нусејрат, при што загинале четворица Палестинци, а 15 други се ранети.
Тој додаде дека израелски воени авиони извршиле три воздушни напади врз населбата Заитун во Газа, при што загинале три лица, а десет се ранети.
Борбени авиони го нападнаа и градот Џабалија и бегалскиот камп во северниот појас, при што беа повредени седум лица, меѓу кои три деца.
Во меѓувреме, израелската артилерија ги гранатираше бегалските кампови Ал-Буреј и Ал-Магази во централниот појас, населбите Тал ал-Хава, Шеик Ијлин и аз-Зајтун во градот Газа, како и кулата Шеик Зајед во Беит Лахиа.
Во јужната зона, артилерија нападна цивилни куќи во источниот дел на градот Кан Јунес.