Македонија
Затишје на Водно, се чека исходот од средбата со Шилегов за гасоводот

Сите активности на Водно викендов се запрени откако беше донесена одлука привремено да се стопираат работите на гасоводот се додека не се изнајде соодветно решение. Денеска на трасата на која до скоро се копаше можеа да се забележат само багерите, кои чекаат на одлуката дали ќе се продолжи со ископот, како и кравите мои мирно пасеа во близина на бункерите. Активистите се во исчекување на исходот од средбата која што е закажана за во понеделник во Град Скопје.
Невладините организации кои што со жив штит неделава застанаа пред багерите и го штитеа Водно, во понеделник треба да учествуваат на дебата со надлежните, на која треба да ги изнесат своите аргументи против сечата на шума по сртот каде се копа за да се постават цевките за гасоводот кон Тетово и Гостивар.
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов вчера ги повика претставниците на надлежните државни органи за изградба на гасоводот на Водно, како и претставниците на граѓанските здруженија, кои покажаа загриженост, на дебата што ќе се одржи в понеделник. Изградбата на гасоводот ќе биде запрена сè до завршување на процесот на дијалог и дебата, тврдеа од Градот.
,,По повод повикот за јавна дебата на градоначалникот Петре Шилегов за понеделник во просториите на Советот, сакаме да потенцираме дека ние очекувавме одговор на нашиот повик за јавна дебата, а не целосно негово игнорирање и нудење контра повик. Нашиот повик за јавна дебата со Шилегов, Реџепи и Макрадули е објавен минатата недела, пред почетокот на живиот ѕид горе од среда, пред наредбата ,гази сè пред себе”, пред нашите посочувања изработувачот да почне да поставува табли, налепници на возилата, мобилни тоалети, да носат работни елеци, итн. Никој не сè одзва на нашиот повик за јавна дебата! Во врска со запирање на градбата на гасоводот, сè додека МЕР не објави и потврди мораториум на градење на Водно, ние ќе бидеме горе”, порачаа од граѓанската иницијатива ,,Го сакам Водно”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.