Македонија
Заев и Вучиќ ќе се сретнат на граничниот премин Табановце
Премиерот Зоран Заев денеска на граничниот премин Табановце-Прешево ќе се сретне со српскиот претседател, Александар Вучиќ, информираат од владината прес-служба.
Како што соопштуваат оттаму, на средбата ќе биде најавено спроведувањето на проектот за заедничко гранично управување – One Stop Shop.
Средбата доаѓа во период кога Белград и Приштина го актуелизираат прашањето за границата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пожарникарите гаснеа три пожари на отворено, информира ЦУК
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало вкупно 2.028 повици. Од нив „реални“ биле 60,06 отсто, а 39,94 проценти не биле итни. Кон полиција биле упатени 67,16 отсто, кон Итната медицинска помош 19,82, кон пожарникарите 5,03, а кон АМСМ 0,30 проценти од реалните повици.
Според ЦУК, регистрирани се и три пожари на отворено. Од 11.50 до 12.45 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснела запалена ниска вегетација во атарот на с. Могила (Општина Битола), во 16.20 до 19.20 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено ѓубре патот од Демир Хисар кон Струговско Езеро (Општина Демир Хисар), од 19.00 до 19.50 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во с. Крупиште (Општина Чешиново Облешево) и од 15.50 до 17.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во атарите на селата Таринци и Карбинци (Општина Карбинци).
Македонија
65 литри на метар квадратен дожд во Пожаране и Лазарополе
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране и Лазарополе. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи наврнат е воден талог од 65 литри на метар квадратен.
До осум часот утрово наврнати се 58 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 57 во Дебар, 56 на Попова Шапка, 53 во Тетово, 48 во Крушево, 45 во Охрид, 31 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 28 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 20 во Велес, 19 во Претор, 14 во Прилеп, 13 во Берово и Тополчани, 11 во Битола, 8 во Кавадарци, Виница и Струмица, 7 во Штип, 4 во Демир Капија и 1 литар во Гевгелија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
Македонија
Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји ќе трчаат на маратон утре во Скопје
Поради претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи утре, а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, в недела со почеток од 03:00 часот, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град.
Како што соопштија организаторите на маратонот, одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14 часот.
Поточно, в недела, 06.10.2024, започнувајќи од 03:00 часот, сообраќајот ќе биде затворен од Градска Болница, сѐ до Палома Бјанка, а целата патека се затвора исто во недела, 06.10.2024, од 06:00 часот.
Целта на сите трки е на Плоштад Македонија. Локација за старт на сите трки e Собранието. Време за старт на сите трки e 08:00 часот, но организаторите апелираат тркачите да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или таргет време што го има одбрано при процесот на регистрација, сѐ со цел да не се создаваат турканици. Тркачите на маратонската, полумаратонската и штафетната трка ќе тргнат во правец кон Католичка Црква, а тркачите на трката Комерцијална Банка 5км ќе трнат во правец кон Црвен Крст.