Македонија
(Видео) Пендаровски: Референдумот е историска шанса, треба да кажемe ДА за македонската иднина
,,На 30. септември, референдумот што е закажан е практично по својата тежина и значење е еднаков со референдумот од 1991 година до сега, затоа што тогаш македонските граѓани гласаа да имаме држава, сега на 30. септември таа држава дефинитивно во меѓународни рамки да биде запечатена, да биде осигурана и да биде од сите признаена како држава во која живеат граѓани од различна вероисповед, граѓани од различна национална припадност, но во која живеат етнички Mакедонци кои зборуваат на македонски јазик”, порача Стево Пендаровски, национален координатор за членство во НАТО во Битола.
,,Која е цената која треба да ја платиме како што велат нашите политички опоненти, за да влеземе во двете најмоќни и најефикасни меѓународни организации ЕУ и НАТО. Според мене и според нас, кој сме во таборот за гласање ЗА референдумот, сметаме дека нема практично никаква цена и никаква штета која треба да ја понесеме како Македонци, како луѓе кој живеат во оваа земја, затоа што со договорот во Грција практично е зацементиран македонскиот идентитет и македонскиот јазик, придавката македонски и кодовите МК и МКД, тоа што беше досега признаено и препознавано овде во нашите граници. Ние знаеме кој сме и што сме, нормално, сега ќе биде признаено и потврдено од целиот свет како што во меѓународните организации, како што е најголемата Обединетите нации. Македонскиот јазик ќе се преведува на сите 6 официјални јазици во таа организација во која членуваат 193 членки”, додаде тој.
Пендаровски вели дека неможе да види аргумент на страна на оние кои велат дека договорот е капитулантски, дека не треба да биде поддржан, а особено неможе да види аргументи кај оние што велат дека воопшто не треба да се асоцираме во овие две меѓународни организации ЕУ и НАТО, затоа што наводно биле во заминување, во распаѓање, со намалено влијание и дека час поскоро ние треба да се одалечуваме, наместо да се приближуваме и да бидеме нивни членки.
,,Да немаме никаква дилема, станува збор во кој членуваат најмоќните држави во светот во кој членуваат држави кој се и во воена, и во економска и во политичка смисла и во стратешка смисла највлијателни и за нас ќе биде чест како мала држава еден ден да сме на иста маса со најмоќните држави кој практично го обликуваат светот во кој живееме. Немам никакво разбирање особено за оние кои повикуваат на бојкот на референдумот, можам да разберам некој да биде против, легитимно е, демократско право на секој од нас, но зошто да се оди на бојкот во ситуација кога станува збор за историска крстосница во која треба да кажемe ДА за македонската иднина. Да седите дома на 30-ти септември е најголем степен на лична и граѓанска неодговорност и кон себе и кон семејството ваше и кон државата во која живеете, да немате став за референдумското прашање кое вели дали сакате Македонија да ја биде еднаш –засекогаш во друштво со најголемите во светот”, порача Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

