Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го цензурираше говорот на Христијан Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е без политички компас, дека нема јасен правец на дејствување и дека е во тотална конфузија, и тоа токму во еден од најважните периоди за иднината на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ го цензурираше говорот на нивниот претседател Христијан Мицкоски, се вели во соопштението на СДСМ.
Според партијата, од говорот на Мицкоски на официјалниот канал на ВМРО-ДПМНЕ цензурирани се неколку реченици кои побудија најголем медиумски интерес.
,,ВМРО ДПМНЕ го цензурираше Мицкоски кој самиот за себе вели: ‘Кој е Мицкоски да му каже на народот што треба да прави?’ Партија што се автоцензурира и менува сопствени содржини покажува дека нема јасни ставови, дека во неа владее целосна конфузија, дека не го почитува ниту сопствениот збор ниту граѓаните. Уште еднаш повикуваме на сериозност во овие историски моменти за Македонија. Станува збор за иднината на државата, за иднината сите наши деца, на сите наши граѓани. Време е ВМРО-ДПМНЕ да се стабилизира, да се преиспита и да се вклучи во процесите што носат членство на Македонија во ЕУ и НАТО.Добро е и за ВМРО-ДПМНЕ, за нејзините членови и за самиот Мицкоки, што поскоро да се освести, да повика да се излезе на референдумот, да повика ЗА влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Божинов: Нова пешачка и рекреативна патека од Колешино до Мокрински извори за развој и повеќе туристи во општина Ново Село

„Природата што ја имаме е нашето најголемо богатство. Со изградбата на пешачката и рекреативна патека од Колешино до Мокринските извори, ќе го направиме тоа богатство достапно за сите“, кажа Ѓорѓе Божинов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Ново Село.
„Ќе овозможиме безбедно пешачење и рекреација на нашите граѓани, но и ќе ја претвориме оваа патека во нова туристичка атракција.
Тоа значи повеќе гости, повеќе туризам и економски бенефит за целата општина.
Сакаме општина Ново Село да биде место каде што природата и човекот живеат во хармонија.
Кога природата ти е вака блиску, треба мошне малку за да ја почувствуваш со сето срце. Ова нема да биде обична патека, ќе биде место за прошетки и за дружба.
Оваа патека ќе биде симбол на здрав живот, туризам и развој“, изјави Ѓорѓе Божинов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Ново Село.
Соопштенија
(Видео) Сарамандов: Гевгелија со нов модерен влез и големи инфраструктурни проекти кои го менуваат ликот на градот

„Гевгелија продолжува да се развива како урбана, модерна и успешна заедница. Задоволство ми е што денес Гевгелија добива нов модерен и урбан влез на градот“, вели Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во изминатиот период овде беа на овој потег, на влезот во градот, беа реализирани 4 проекти:
Реконструкција на натпатникот на Железничката станица со дел од Булеварот,
Дислокација на канал Рауљ,
Изградба на нов мост кон населеното место Мрзенци и на крајот завршивме со изградба на нов кружен тек со хортикултурно уредување и модерно осветлување.
Гевгелија добива репрезентативен влез, продолжуваме со континуирани, постојани вложувања, за да имаме квалитетни, безбедни и естетски инфраструктурни решенија“, изјави Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
Филипче: Гласот за Перо Костадинов е глас за продолжување на развојот, за секое маало, за цело Валандово

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина, синоќа, во Валандово ги повика граѓаните, да дадат глас за Перо Костадинов, бидејќи тоа е глас за продолжување на развојот, за секое маало и за цело Валандово.
„Овде луѓето ја знаат тежината на дадениот збор, ја знаат вредноста на чесната и посветена работа. Тоа се одлики и на нашиот Перо и затоа верувам, убеден сум, дека со вашиот глас ќе го продолжиме започнатото и нема да дозволиме Валандово да се врати назад“, порача д-р Филипче.
Тој ја истакна неговата поддршка за актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Перо Костадинов, и советничката листа на партијата, упатувајќи порака за единство и победа на СДСМ во Валандово.
„Ние гордо стоиме зад Перо Костадинов, гордо стоиме зад листата на нашите советници, затоа што силно веруваме во нив, во нивната работа, посветеност, во нивната љубов за својата општина, за своето маало, уличка, за својот дом. Тие се темелот на нашата борба“, нагласи д-р Филипче.
Филипче порача дека чесната и посветена работа секогаш носи резултати и напредок, а Валандово е доказ за тоа.
„Кога го имаш тој темел, општината расте со сигурен чекор. Валандово е пример за тоа дека кога се работи чесно, кога се работи посветено, со љубов, со план, со визија – напредокот е загарантиран“, рече тој.
Лидерот на СДСМ потсети на бројните реализирани проекти и конкретни резултати што ја докажуваат успешната работа на Перо Костадинов во Валандово.
„Улици, сали, игралишта, водоводи, градинка, кино сала – тоа што е направено се гледа и вие тоа многу добро го знаете. Затоа Валандово треба да продолжи напред, за секој негов жител, за секое маало, село, улица“, истакна д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“, која се одржа синоќа во Валандово.