Свет
(Видео) Се судрија бродови во реката Колорадo, исчезнаа четири лица

Четири лица исчезнаа по судир на два брода во реката Колорадо, на кои се превезувале вкупно 16 патници. По исчезнатите се трага, соопшти полицијата.
@sbcountysheriff Marine Enforcement Unit is assisting Mohave County Sheriff’s Department with a boat collision on the Colorado River near Topock Gorge and Park Moabi Channel. MCSO is the lead department handling the boat collision. pic.twitter.com/jUP9ohzw1J
— San Bernardino County Sheriff (@sbcountysheriff) September 2, 2018
Двата брода потонале по несреќата, а чамците што пловеле покрај нив помагале во спасувањето на патниците од водата.
Еден од нив е во критична состојба и е префрлен во болницата во Лас Вегас, додека деветмина се хоспитализирани во околните болници. Портпаролката на канцеларијата на шефот на округот Мохејв изјави дека никој од патниците немал со себе елек за спасување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници