Свет
Чешкиот премиер: Нелегалната миграција е закана за европската цивилизација!

Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, го осуди претходниот пристап на Меркеловата Германија и на ЕУ кон нелегалната имиграција што тој ја нарече „закана за европската цивилизација”. Андреј Бабиш, популистичкиот тајкун со словачко потекло што понекогаш го арекуваат чешкиот Трамп, за националната телевизија изјави:
„Не сакаме да живееме тука како во Африка или како на Блискиот Исток. Мора да ја прекинеме миграцијата од овие места“.
Бабиш нагласи дека ако имиграцијата не биде ставена под контрола, ќе се зголемат гневот и разочарувањето кај јавноста, предупредувајќи дека „Хемниц е зад аголот”, референца за големите протести против германската политика за мигрантите по фаталното прободување на локален жител од страна на еден Ирачанец и еден Сириец со дебели полициски досиеја.
„Тука имаме 1,5 милиони нелегални мигранти. Нашата политика за враќање е лоша “, додаде лидерот на АНО, мислејќи на слабиот извештај на ЕУ за вратените лажни баратели на азил, вклучувајќи го и споменатиот Ирачанец од Хемниц.
Меѓу нив се и убијците како Анис Амри, кој воопшто не требаше да биде во Германија кога со украден камион влета во преполниот Божиќен пазар. Амри лажел за својата националност, користел повеќе лажни идентитети и требало да биде депортиран, но не бил уапсен.
Како лидер на една од државите во Вишеградската група од Централна Европа кои се спротивставија на масовната миграција и мултикултурализмот, Бабиш беше жестоко ги нападна оние западноевропски земји кои сé уште ги туркаат политиките за отворени граници.
„Ако сакаат да имаат повеќе приврзаници на Исламската држава во Франција, Холандија или Белгија отколку што имаат сега, тоа е нивен проблем”, рече тој.
Бабиш беше многу јасен дека Чешка, исто како и како Унгарија, Полска и Словачка, ќе продолжи да им се спротивставува на обидите на ЕУ да се редистрибуираат мигрантите кои пристигнуваат во ЕУ под системот за задолжителни квоти.
„Изгубивме четири години во глупави дебати за квотите. Накусо, пораката што се испраќа е дека Европа е отворена и дека ние мора да се грижиме за сите што доаѓаат нелегално и ќе ги распределиме меѓу нас”, објасни тој во одделното интервју, обвинувајќи ги мигрантите за купување на азилот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: НАТО се обидува да се зајакне на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Арктикот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес го обвини НАТО дека ја пречекорува својата традиционална област на одговорност во обид да се здобие со упориште на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Централна Азија, Арктикот и Азиско-пацифичкиот регион.
Лавров изјави дека не се презентирани факти што ги поткрепуваат тврдењата дека Иран наводно подготвува напад врз Израел.
Тој оцени дека процесот на нормализирање на односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави е тежок и не е брз, објави РИА Новости.
Истакна дека нормализирањето на односите меѓу Вашингтон и Москва може да биде корисно за спречување на глобални кризи, пренесува Танјуг.
Свет
Израелската армија тврди дека Иран испукал нови ракети, Техеран негира

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија два часа по прогласувањето на прекинот на огнот.
„Одбранбените системи моментално работат на пресретнување на заканата“, се вели во соопштението.
Друго ажурирање додаде дека сирените за воздушен напад се огласиле во северен Израел откако биле откриени ракетите.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) енергично да одговорат на она што тој го нарекува кршење на договореното примирје од страна на Иран.
„Им наредив на ИДФ силно да одговорат на кршењата на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Од друга страна, иранските државните медиуми објавија дека Иран ги негира обвинувањата на израелските власти.
Свет
Израелскиот министер за финансии: Техеран ќе трепери

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, утрово објави порака на платформата „Икс“ по новите ирански ракетни напади врз Израел, во која се вели: „Техеран ќе трепери“.
Објавата беше споделена пред околу еден час и предизвика многу реакции.
Смотрих, член на крајно десничарската партија Религиозен ционизам и близок сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, претходно поддржуваше силни воени одговори на иранските напади. Неговите коментари доаѓаат во услови на тензии и покрај најавеното примирје што стапи на сила утрово.