Соопштенија
Мицкоски: Учебниците доцнат, образованието крахира

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за првиот училишен ден испрати порака дека учебниците доцнат, образованието крахира и дека децата и младите се нашата најголема вредност и тие заслужуваат подобро.
„Македонија денес се соочува со демографска катастрофа, во вториот квартал во 2018 година имаме пад за 6.3 проценти на бројот на новородени деца, тоа за 6 години ќе значи и дополнително намалување на бројот на ученици, паралелки што ќе се затворат, населени места кои забрзано замираат. За година и половина нема ниту една единствена мерка на Владата која ќе биде во насока на зголемување на наталитетот, додека најважниот фактор, економијата, пропаѓа со најнизок раст во Европа, кој се движи околу нула. Бројот на новородени се намалува додека бројот на млади кои си заминуваат од државата секојдневно се зголемува. За 2 проценти е намален и бројот на запишани студенти. На Македонија ѝ се одзема иднината, а Владата не презема ништо. Поради тоа имаме кратење на паралелките, дури се соочуваме и со затворање цели училишта.
Додека состојбата во образованието и училиштата е очајна. Имаме училишта кои прокиснуваат, влагата е честа појава, додека бесплатните учебници доцнат. Но затоа, пак, додека образованието за родителите е мака, за власта тоа е шанса за профит. Скандалите не престануваат. Милионскиот бизнис од 5.3 милиони евра за набавка на учебници се побрза да се додели на две фирми, во 4 очи, без тендер, а фирмите се знае… тие според неформалните информации важат за блиски до власта.
Високото образование девастира. Нема ниту еден универзитет на Шангајската листа за квалитет, додека земјите во регионот имаат по неколку. Наставниот кадар во училиштата е демотивиран. Покачувањето на платите за наставниците што го направија од Владата е понижувачко и е далеку од првично ветените 500-тини евра просечна плата. Освен тоа што се прениски, тие и доцнат. Тие мора да се зголемат до 50 проценти од она што се сега за да имаме наставен кадар кој е мотивиран, мора да се обезбедат 500-тини загарантирани вработувања за најдобрите дипломирани студенти за тие да останат во државата, мора да се препороди образованието за да одиме напред и ние, ние тоа ќе го направиме.
Може да ја имаме и најсилната економија, која, за жал, ни одблиску ја немаме, може да ги имаме и најсилните инвестиции, кои, за жал, ги немаме, ако немаме млади, немаме иднина.
Како човек кој доаѓа од високото образование и целата своја наобразба ја посветил на науката ќе посочам дека инвестирањето во образованието значи инвестирање во иднината на нашата земја, а младите, младите и децата се нашата најголема вредност и затоа ќе го имаат моето најголемо внимание. Зошто само така Македонија ќе победи!“, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
3,2,1… летото ни дојде – време е да ја подготвите вашата торба за плажа со „Зегин“

Пред да тргнете на плажа или да се упатите кон вашата следна авантура, бидете сигурни дека вашата торба е полна со основните работи што ќе ве одржат сјајни, заштитени и ќе придонесат да се чувствувате удобно во својата кожа.
Од глава до пети Зегин се грижи за вас- од креми за сончање до хидратантни производи за нега на кожа и коса, како и производи за здравје.
Кои се производите потребни за вашата летна торба за убаво и мирно лето, прочитајте на следниов линк.
(ПР)
Соопштенија
30 години „Кожувчанка“ – јубилеј на успех, партнерство и визија

Компанијата Кожувчанка денес го одбележа својот голем јубилеј – 30 години постоење со ПР настан на кој присуствуваа партнери, пријатели, новинари, претставници од институции и деловни соработници од земјата и странство.
Повод
Настанот се одржа по повод три децении успешна работа на Кожувчанка -компанија која од 1995 година израсна од локален производител во бренд со национално и меѓународно признание. Присутните имаа можност да слушнат инспиративни обраќања од водечките луѓе од компанијата, нејзини долгогодишни партнери, како и претставници од институциите.
Г-дин Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија
Г-динот Азески ја имаше таа чест прв да се обрати. Тој ја потенцираше улогата на компанијата Кожувчанка како пример за успешно македонско претпријатие. Исто, говореше и се осврна на одличната соработка помеѓу Комората и Кожувчанка низ годините, потенцирајќи ја нивната заедничка заложба за подобрување на деловната клима и охрабрување на другите домашни брендови.
Г-ѓа Јанинка Чупаркоска, Генерален менаџер на Компанијата Кожувчанка
Во своето обраќање, г-ѓа Чупаркоска ја истакна благодарноста кон сите кои се дел од 30-годишната приказна на Кожувчанка – вработените, потрошувачите и партнерите:
„Тоа што не’ прави посебни и истрајни сето ова време пред сè се луѓето – нашите верни потрошувачи, посветеноста на нашите вработени, како и поддршката од нашите партнери и соработници.“
Таа се осврна на почетоците од 1995 година, кога Кожувчанка започнала со неколку вработени и еден производ, а денес брои преку 70 производи, присутни во секојдневието на македонските семејства и пошироко.
Исто, зборуваше за постојаните инвестиции во производство, квалитет и одржливост, како и за извозните успеси на компанијата.
Г-дин Марио Маис, Маркетинг менаџер на Sinalco International Brands
Г-дин Маис, долгогодишен стратешки партнер на Компанијата преку брендот Sinalco, зборуваше за исклучителната доверба и професионалната соработка која трае веќе две децении.
Тој ја истакна Кожувчанка како пример за лојалност, квалитет и стабилен развој на локалниот пазар:
„Соработката со Кожувчанка не е само деловен однос – тоа е долгорочно партнерство засновано на доверба, визија и заеднички успеси. Вашата истрајност и интегритет се инспирација.“
На крај од говорот кажа за важноста на синергијата помеѓу локалните производители и глобалните брендови, и ја најави подготвеноста од Sinalco International Brands за нови, заеднички проекти со компанијата Кожувчанка.
Г-дин Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци
Митко Јанчев со голема емоција зборуваше за почетоците на компанијата, визијата на неговите татко и чичко и патот до денешниот успех:
„Со голема чест и особена гордост ви се обраќам денес, на денот кој е од голема важност за мене и мојата фамилија – 30 години од постоењето на Кожувчанка.“
Тој го најави и новиот бренд – Aqua Mila, природна изворска вода која го носи името на неговата ќерка:
„Со ова претставување на нашиот нов производ пред вас, сакам да ѝ го честитам роденденот и на мојата ќерка Мила по која е крстен овој бренд.“
Јанчев објави и планирана соработка со СОС Детското село, со цел поддршка на децата и вложување во нивната иднина:
„Тоа е она на кое сум најмногу горд – на моето семејство, на компанијата и на луѓето-партнери со кои секојдневно учествуваме во градење на подобро општество за сите.“
На крај, изрази благодарност кон сите потрошувачи, соработници и пријатели на компанијата:
„Се гордеам и сум благодарен на сите вас – наши пријатели и соработници, на нашите верни потрошувачи и на сите што веруваат во оваа наша приказна.“
За Кожувчанка
Основана во 1995 година, Кожувчанка денес е еден од лидерите во македонската индустрија за производство на вода, алкохолни и безалкохолни пијалаци, со портфолио од над 70 производи и присуство на повеќе странски пазари. Компанијата е позната по квалитет, иновации и општествена одговорност, како и по своите долгорочни партнерства – како со Sinalco, така и со многу локални дистрибутери и институции.
(ПР)
Соопштенија
За Халкбанк – Важни се луѓето и сето она што ги обединува

Ова лето, неколку внимателно одбрани настани низ Македонија носат дух на автентичност, инспирација и заедништво. Поддршката на Халкбанк не е случајна – туку доследна и долгорочна, насочена кон вредностите што ја прават заедницата поцврста. Со вложување во културата, во моментите на поврзување и во сите облици на социјално живеење, банката го живее својот слоган – Важни се луѓето.
Во Скопје, Street Food Festival, кој се одржа од 18 до 22 јуни, претставува урбано собиралиште каде што вкусовите, музиката и добрата енергија се преплетуваат во едно современо искуство. Како партнер на фестивалот, Халкбанк понуди и дополнителна вредност за учесниците, односно секое плаќање со Халкбанк картичка овозможуваше учество во интерактивна активација со награди, поттикнувајќи ја непосредната поврзаност со посетителите и збогатувајќи го фестивалското доживување.
На 21 и 22 јуни, во природниот амбиент на Пелинце Пикник, љубителите на културни настани, музика и семејна дружба имаа можност да уживаат во настан што го негува духот на блискост и заедништво. Поддршката од Халкбанк претставува продолжение на заложбата за градење автентични вредности низ социјални и културни формати.
Во јули, Ohrid Beach Film Festival (23–27 јули) повторно ќе ја оживее магијата на филмот под отворено небо, покрај Охридското езеро. Настанот го афирмира младиот авторски израз и ја збогатува домашната културна сцена, а поддршката на Халкбанк ја рефлектира мисијата на банката, да биде активен партнер во развојот на културата и креативната индустрија.
Во време кога секоја форма на поврзување добива ново значење, овие настани се потсетник дека заедничките доживувања имаат трајна вредност. А таму каде што тие се создаваат, ќе продолжи да биде присутна и банката.
(ПР)