Свет
Десетгодишно германско момче силувано од соученици-азиланти на екскурзија
Десетгодишно момче од Берлин било силувано од тројца соученици- азиланти додека биле на екскурзија во еден изолиран замок во Шлос Кролендорф, северно од главниот град на Германија. Нападот се случил непосредно пред почетокот на летните одмори на екскурзијата на која жртвата и 38 други ученици требало да се вклучат во разни активности на отворено.
Десетгодишното момче претходно на денот на нападот било малтретирано од тројцата соученици, Сиријци и Авганистанец на возраст од 11 и 10 години, пишува „Берлинер цајтунг“.
Таа вечер, двајцата 11-годи-ници го држеле момчето додека десетгодишниот Авганистанец сексуално го малтретирали го силувал. Двајца други соученици биле сведоци на силувањето, но не го пријавиле кај наставниците.
Помалку од две недели подоцна, жртвата на силување му се доверила на училишниот социјален работник за инцидентот, а информацијата потоа била предадена на родителите, наставниците и на полицијата. Тројцата азиланти биле суспендирани од училиштето, а потоа и избркани.
Иако полицијата не направила тест за возраста на силувачот, велат дека психолошката проценка покажала дека очигледно е малолетен и веќе нема да му биде дозволено да посетува редовна настава. Двајцата други кои го држеле германското момче за време на инцидентот биле преместени во други училишта. Жртвата одбила да се врати во училиштето по нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.